По поразот на домашен терен од Белорусија и ремито на пријателскиот меч против Австралија, Македонија не се помрдна на најновата ранг листа на ФИФА.
Пред нас остануваат селекциите како Боцвана, Јордан, Фарски Острови и Етиопија, а под нас се Антига и Барбуда, Танзанија, Бахреин и Куба.
Од нашите противници во квалификацискиот циклус за ЕП 2016-та Шпанија и натаму е на десетто место, Украина е 33-та, Белорусија 83-та и Луксембург е на 137 позиција.
На врвот нема промени. Германија е прва, пред Аргентина, Белгија, Колумбија и Бразил, а по нив следуваат Холандија, Португалија, Уругвај и Швајцарија.
Следниот меч на нашиот национален тим е на 14 јуни на гости против Словачка.