Севиља брани предност во студениот Санкт Петербург

Зенит ќе се обиде да ги урне надежите на шпанскиот клуб дека може да го одбрани трофејот во ЛЕ освоен лани. Фиорентина против Динамо Киев за влез во полуфиналето.

ЗЕНИТ - СЕВИЉА (21:05)

- Рускиот состав победи на последни три домашни средби во Европа без примен гол. Севиља победи на последните две гостувања, каде постигна три голови.

- Зенит победил само два пати на 15 средби против шпански екипи, а победа против тим од Ла Лига немаат на осум средби.

- Севиља стигнуваше до трофејот секогаш кога играше четврт-финале на Лига Европа. Второто по ранг европско натпреварување го освои и Зенит во сезоната 2007/2008.

- Шпанскиот состав е непоразен на последните 12 средби во сите натпреварувања, меѓу кои и првиот дуел со Зенит кој го добија 2-1.

- Зенит ќе може да смета на четворицата првотимци кои ја одлежаа суспензијата: Халк, Дани, Игор Смолников и Кришито.

Можни состави:

Зенит: Лодигин, Смолников, Ањуков, Нето, Ломбартс, Кришито, Шатов, Хави Гарсија, Витсел, Дани, Халк.
Отсутни: Фајзулин и Моглевец (повредени), Гарај и Ријазанцев (суспендирани).

Севиља: Серхио Рико, Коке, Пареха, Карико, Тремулинас, Кришчовијак, Ибора, Видал, Банега, Витоло, Бака.
Отсутни: Барбоса и Кристофоро (повредени).

ФИОРЕНТИНА - ДИНАМО КИЕВ (21:05)

- Откако ги елиминираа Рома и Тотенхем, фудбалерите на Фиорентина се пред нов предизвик во Лигата на Европа, каде го пречекуваат Динамо Киев по нерешените 1-1 во Украина.

- Динамо Киев е прв во домашното првенство со 5 бодови предност во однос на Шахтјор Доњецк.

- Кума Бабакар кој ѝ донесе на Фиорентина 1-1 во 90' минута од првиот дуел во Киев е повреден и нема да настапи вечерва.

- Фиорентина е непоразена на девет средби со украински екипи низ историјата (5 победи и 4 нерешени)

- „Виолетовите“ победија само еднаш на последните четири домашни средби во сите натпреварувања (1 победа 2 нерешени 1 пораз). Динамо загуби на три од последните четири гостувања во ЛЕ.

- Динамо Киев победил само два пати во 19 дуели со италијанските екипи.

Можни состави:

ФИОРЕНТИНА - Нето, Ричардс, Гонзало Родригез, Басанта, Пасквал, Матијас Фернандез, Бадељ, Борха Валеро, Иличиќ, Гомез, Салах.
Отсутни: Роси, Бабакар и Бернандески (повредени)

ДИНАМО КИЕВ: Шовковски, Данило Силва, Качериди, Вида, Антунес, Рибалка, Беланда, Сидорчук, Јармоленко, Ленс, Краветц.
Отсутни: Макаренко и Велозо (повредени), Драговиќ (суспендиран).

Лига Европа 1/4 финале:
Наполи - Волфсбург (4:1) (21:05)
Зенит - Севиља (1:2)
Днипро - Клуб Бриж (1:1)
Фиорентина - Динамо Киев (1:1) 

Играј ги на Типстер и освои подароци за месец април.