Иако нешто од стомак ни вели дека и самото судење е одвишен луксуз за еден таков монструм, утеха е што процесот не се одвива онака како што Брејвик замислуваше, со себе како главна ѕвезда во шоуто. Претставата му ја расипа една извонредна обвинителка.
Има денови кога во крајно сомнително маало на непрежалената и купуваш подарок од фетиш продавница, за подоцна да уживаш во изложба на Моне а ноќта да ја завршиш во стриптиз бар. Вива Лас Вегас.
"Во секој случај, оженете се. Ако ви се погоди жената, ќе бидете среќни, ако не ви се погоди, ќе станете филозофи". Така викаше Сократ. Имаме три примери на генијални филозофи кои знаеле сè, освен да сакаат.
Американската Тајна служба до сега изгуби тројца агенти заради проститутка од Колумбија. Ништо смртоносно, едниот даде отказ, вториот го пензионираа, третиот ќе го отпуштат. Еве што има да каже 24-годишната ескорт девојка што ги прати агентите во пензија.
Тоа што Пипа мавташе со пиштол (инаку пластичен) сред Париз на крај ќе излезе најмал проблем за балдзата на принц Вилијам. Oна што ќе треба да го објасни е журката, џуџињата и стриптизетите пред тоа.
Соочена со опасност од избивање скандал околу фотографијата од која се гледа дека Патријархот носи ужасно скап часовник, Руската Православна Црква беше принудена да издејствува чудо: часовникот да изчезне од сликата! И потоа пак се појави!
За 1 милијарда долари во готовина и акции, Фејсбук се согласи да го купи Инстаграм. Само пред една недела сервисот беше проценет на 500 милиони долари.
Инстаграм е една од најпопуларните апликации која беше достапна само за Ајфон. Неделава таа се појави и на Андроид, и по пат успеа да ја продлабочи класната војна меѓу корисниците на двата видови смартфони.
Додека Американците чекаат да се појават добитниците на рекордниот џек-пот, некои поранешни инстант милионери се доказ дека и по ова пак се не оди како што треба.
Стариот мој е поболен по белградски Партизан, јас пак прво лице множина користам единствено за МЗТ Скопје а душичката и на 7.000 милји од дома ми трепери кога победуваме, па знам што значи да сакаш тим. Јужњаците се будат и заспиваат со американски колеџ фудбал и секој меч е церемонија и додека утакмицата трае, на улиците е штама.
Кон крајот на 2010-та цел свет беше вчудовиден кога од никаде еден пензионираниот електричар објави дека поседува 271 претходно невидени слики од Пикасо. Од каде овие слики?
Од Вуди Ален до Жижек, сè на сè 290 уметници, мислители, писатели, режисери и останат кулурен крем, во прво лице еднина, било со звук, било со видео. Мезете.
Булдожерите се подготвени да срамнат со земја спомен на еден многу бизарен дел од американската историја: генерал - штабот кој тамошните фанови на Адолф Хитлер го изградиле за да има човекот каде да дојде откако ќе победи во Втората Светска Војна.
Премногу за Хаику а премалку за сценарио. Мојата идеја за дисциплинирање на не-реформистите и нивното очајно одолевање на турските серии е следнава.Алксандар Македонски и неговите легендарни патувања! Македонска, а сепак турска! Турска по елементите и стилот а Македонска по Аце... Се се случува во древното кралство Македонија и во главниот град каде што е роден водачот - Скопје (дупи си ги грците и истовремено си го јачаш национализмот)
Хеј јаал. Моето име е Владимир но заради онаа говорна деформација на детуле кое се претставува како "уадо," за мнозинството познати и непознати целиот живот сум Адо.
Како што кампањата за откривање на Џозеф Кони добива неверојатен публицитет и бројки на интернет (50 милиони прегледувања на ЈуТјуб, 400.000 лајкови на ФБ), така се таложат и критиките за организаторите.