Шамарот што ја разбуди Франција

Градоначалникот на Кузолр, неодамна беше осуден за тоа што му врза шлаканица на тинејџер. Веднаш по ова, тој стана национален херој.

Јавноста веднаш се возбуди околу целиот случај, носталгично сеќавајќи се на времето кога тинејџерите имаа почитување кон постарите генерации, и кога машката дициплина не значеше инстантни судски процеси.

Шамарот стана дел и од претседателската предизборна кампања во која лидерите на Националниот Фронт (екстремна десничарска партија) јавно ја дадоа поддршката за Боисар, а претседателот Саркози во неколку наврати го референцираше случајот.

63-годишниот Морис Боисар, добил и над 1500 писма и мејлови со поддршка.

Боисар вели дека единствена поддршка која му значела нешто е писмото што го добил од еден татко.

"Го изгубив син ми на 15 години додека си играше на оградено градилиште во близина на нашата куќа. Зошто тој ден немаше некој што ќе му удри шлаканица и ќе го спречи да ја прекачи оградата," пишува во писмото за поддршка.

Целиот случај е од август 2010-та, кога градоначалникот забележал 15-годишен тинејџер како се прекачува преку ограда. Боисар го прекорил детето, на што овој одговорил со пцовка. За ова, малиот експресно добил 'возвратна'.

14 март 2012 - 11:07