Да Живее НДРСМ!

Maкедонска Пролет

Премногу за Хаику а премалку за сценарио. Мојата идеја за дисциплинирање на не-реформистите и нивното очајно одолевање на турските серии е следнава.

Алксандар Македонски и неговите легендарни патувања! Македонска, а сепак турска! Турска по елементите и стилот а Македонска по Аце... Се се случува во древното кралство Македонија и во главниот град каде што е роден водачот - Скопје (дупи си ги грците и истовремено си го јачаш национализмот)

Во Духот на Демократијата и братскиот соживот, решив работата да ја преземам во свои раце. Мојот предлог за името и новото знаме (за химната уште се преговара во кафана) се направени според урнек на знамето на Северна Кореа (исто, ама тотално различно!), со неизбежната ѕвезда од Кутлеш и хералдичкиот симбол на Грифонот (едно митолошко суштество кое е половина лав а половина орел !?) и е идеална симбиоза на македонско/албанското заедништво a компаративно со останатите комшии кои како грбови имаат чавки, орли и лавови. Нашиот Грифон има сe, и е најјак!!!
Името си е приказна за себе...
на македонски е:
Народна Демократска Република Северна Македонија
на француски:
Republique popularie Democratique de Macedone du Nord
на Англиски:
Democratic People's Republic of Nothern Macedonia!!!!

Страшно звучи и си е бренд, наш!

И Гркот сит и Вмро/Сдсм(Овците) на број... абе компромиси и добрососедства фрчат на сите страни!
Гркот нам Узо, ние нему Пача, Албанецот нам Кастриот Коњак, ние нему чоколадо од Европа со кикирики (рефус),
Србинот нам Шљивовица, ние нему Северно Македонски навивачи со шлемови за поддршка во пријателска утакмица.

Политиката е неизбежен дел од нашиот живот во Македонија, ако сме изгубиле натпревар од Лихтенштајн-јеби га, политика, ако слушаме лош поп на радио-пак политика (ги спонзорираат пријателски настроените пејачи, и реформистите кои пејат по кампањи, ја ја заебав работата со Ода На Гадоста и чекам локални избори за поправен) и ако фрижидерот е празен, пак политиката е крива, а Македонија како лулка на е Демократијата (кога ќе ме уапсат ќе прајќам деманти од затвор за ова,како Љубе, демек све сум измислил и лажел:) ) истата ја живеe тогаш среќна нова 84та!
А од посветлата, розева страна на нештата ја имаме рубриката Хејтери....а мене, најдобри ми се про-влада пејачите кои сакаат да влезат на драфтот за следните избори и кампањи...како на пр.

потоа успешните/ме боли за сите ние успеавме на 15 /правиме пари/од Лисиче сме и по автоматизам сме искулирани ко да живееме во Брисел

потоа, луѓето со специјални потреби и мој фаворит за (поздрав до колегите кои овозможија коментари на видеово) најдоброто не-интервју...

и се разбира ако сакате да правите "оргинални спотови" еве ви инспирација...

Мислат дека се итри? Па ова не е Транснистрија, па само Yevgeny Shevchuk и Pyotr Stepanov да имаат лап-топ и интернет. Срамота.

......................................................................

Земјо Македонија, уште Макдоналдс сендвичара ни фали па после бурна турбофолк ноќ да се збираме пред истата и да препричаваме кој кого удрил, кој која песна нарачал и кој чива цура мувал у вц и сето тоа низ мирисот на Лесковачката, ама сега помакедончена плескавица која се шири низ македонскиот етер,и го убива озонот побрзо од песна на Јован Радњански.

ПС:

Дали добро спремен самурај може да се справи со 100 живи мртовци (Walkers) наоружен само со катана,и еден краток нож!?

Кратка статистика за нашата градско Петочко/Саботна Пазарна моќ низ годиниве....

Смедеревка во 98ма година = 50 ден., цигари 57(со 20 цигари!)=30 ден, кг.леб (иако од секогаш е 600 грама)  =15 ден, и аутобус државен=10 ден...а
плата во тобако = 9.000 ден или 330 марки

и колку за компарација....

Смедеревка во 2012 година=98 ден.цигари 57 не ги купува никој ,ама гарант се околу 50 ден,колку Родевките!=50, кг.леб=30 ден, автобус (кинески!!!!)=35 ден а, плата во тобако = 9.000.

Наравоучение:

Кој си фатил ваљак на време, си фатил, вие останати кретени учете факултет,мајку ви еб@м академска!

ПМС:

Како можам да тужам некого за душевна болка и како се дефинира истата?Дали негативен коментар на јутуб се рачуна?И како до 1000000 денари?