Гугл повеќе заработува на Ајфон

Од двата водечки вида смартфони, Гугл во изминативе неколку години има заработено многу повеќе пари од Ајфон отколку од Андроид.

Од 2008-ма до 2011 Андроид на Гугл му донел приход од речиси 550 милиони долари.

Во истиот период уредите на Епл како Ајфон, на кои има Гугл Мапс или пребарувач, генерирале 4 пати повеќе приходи за Гугл.

Ако се земе во предвид дека до крајот на 2011-та се активирани околу 200 милиони Андроид телефони, излегува дека Гугл годишно заработува нешто повеќе од 10 долари по Андроид уред.

За разлика од ова, заработувачката на Гугл од персоналните компјутери се движи околу 30 долари по машина (десктоп / лаптоп).

Иако Гугл нема официјално објавено колку заработува од Андроид, бројките се појавија како дел од документите во судскиот спор со Оракл, во кој Гугл е обвинет дека прекршил неколку патенти на Оракл.

 

30 март 2012 - 09:20