Дел од корисниците на Ајфон беа згрозени што нивната апликација сега ќе биде достапна и на Андроид. Твитовите на оваа тема се движеа од "Dont follow me on instagram if you have an android..... Ew" и "I feel gross knowing people with an android phone can follow me on instagram..." до "Man, android users getting instagram is like the losers in high school taking over the cool table in the cafeteria."
Во анализата објавена на Дејли Бист, проблемот е што дел од муштериите на Епл сметаат дека се подобри од корисниците на Андроид.
"На кратко, конфликтот е во верувањето на корисниците на Епл дека тие имаат поголеми приходи и подобар вкус, а дека корисниците на Андроид се вулгарна багра или се глупи па не можат да сфатат зошто производите на Епл се подобри. Или можеби ја гледаат разликата, ама се премногу скржави за да платат за Епл телефон и сакаат да имаат ефтина Андроид копија," пишува колуминстот на Бист, Ден Лајонс.
Инстаграм е апликација за фотографирање, која на фотографиите им додава серија филтри за да изгледаат ретро. Апликацијата ви дозволува и да следите други корисници на Инстаграм и да коментирате на нивните фотографии.
Ова е една од напопуларните апликации во светот, која само на Ајфон е симната 30 милиони пати, а во првите 24-часа откако стана достапна на Андроид беше симната 1 милиони пати.