Неверојатен пораст има на пораки полни омраза во денешното општество кое работи на технологија. Расизам, хомофобија, ксенофобија, па дури и лични напади на луѓе што „се осмелуваат“ да не се согласуваат со некого - овие и сите други форми на онлајн омраза се приказ на една грда страна на општеството.
За само 78.000 долари годишно, студентите на Харвард ќе можат да ја изберат Тејлор Свифт како еден од предметите што го изучуваат на една од највисоко рангираните научни институции на светот.
Професорски авторитет од врвот на британските здравствени власти, пред владини претставници сведочеше дека во времето на пандемијата, политиките за задолжително носење маски биле донесени без никакви научни докази дека маските вршат работа. На тој начин, не само што не помогнале, туку веројатно и ја влошиле состојбата.
Повеќе од илјада години, луѓето користеле писма наводно напишани лично од Исус, и како докази за неговото постоење и како заштитни амајлии. Најголема моќ имале оригиналите, но се важеле и преписи кои се ширеле како денешните препраќани мејлови.
Израелската војска и разузнавачи добиле крајно детално предупредување дека Хамас тренира за упаѓање во кибуците во близина на границата со Газа и освојување на граничните касарни со цел нанесување значителен број на жртви, покажуваат протечени мејлови од израелската единица за сајбер-разузнавање.
Таа акција беше да се покаже дека сè што следно ќе правиме во државата, или ќе го поддржите или ќе завршите како овие луѓе. Пораката беше јасна, СЕДЕТЕ ДОМА кога го менуваме името, СЕДЕТЕ ДОМА кога ве ограбуваме, СЕДЕТЕ ДОМА и не протестирајте против НАС оти ви следува исто што им направивме на овие луѓе.
Симе Симев решил да го продава својот италијански радио касетофон (најнова технологија). Но, Симе тоа не го прави како другите, ќе стават цена па после малку ќе се ценкаат. Не! Кај Симе цената е фиксна ама затоа нуди несоборливи докази за она што го тврди, дека радиото не троши струја. Плус фаќа радио Белград, Ниш и Лондон (каде зборуваат англиски). Посветеност левел 100!
Џаспер Масклин бил британски магионичар од 1930-тите. Ѝ се придружил на британската армија тврдејќи дека неговите вештини би можеле да бидат користени во камуфлажа и замајување на непријателот. Дел од тоа навистина функционирало.
Eдвард Ченселор е британски финансиски историчар, новинар и поранешен банкар. Во 2016 беше наречен „еден од најголемите живи историчари на финансиите“. Минатата година излезе негова книга која се осврнува на она што има уништено голем број животи - цената за задолжувањето и каматите на истото.
Како што рускиот претседател се подготвува за втората годишнина од неговата војна против Украина, неговата самодоверба е тешко да се заобиколи, пишува во есејот за Вол стрит журнал поранешниот разузнавачки офицер од Националниот разузнавачки совет задолжен за Русија, Јуџин Румер.
Втората фаза од нападот на Хамас требала подлабоко да продре на израелска територија во надеж дека ќе инспирира насилство на Западниот брег и пошироко, покажуваат докази што ги обработува Вашингтон пост.
Сенатот ангажира фирма да испита колку е долга раката на Кремљ во американската политика, изборите и социјалните медиуми. Фирмата излегува со застрашувачки бројки за рускиот домет. Се тврдеше дека Русите фрлиле 25 милиони долари на Фејсбук за нивните задни намери. Подоцна се утврди дека потрошиле 2.900 долари. За контекст: Ковачевски троши по 20.000 евра на три месеци.
Њујорк тајмс седнува и од ново го гледа видеото што израелски и американски високи функционери го наведуваат како клучен доказ дека смртоносната експлозија во болницата Ал-Ахли Араб е дело на залутана палестинска ракета. И не се баш сигурни во официјалната верзија.
Апсење на американски оперативци за промени на режими во Тбилиси, сугерира дека можеби се готви пуч на владата на Грузија, што би бил круна на најновата шарена револуција, некаков Мајдан 2.0. Како што украинската контра-офанзива доживува неуспех, Запад се чини нетрпелив да отвори втор фронт во својата прокси-војна. Инаку, што би правел Канвас во Грузија?
Во првите часови по ненадејната офанзива на Хамас против Израел излезе дека тоа што не го знаеше комплетната западна разузнавачка фела целосно и било познато и одобрено од Иранската револуционерна гарда.
Има нешто тивко во викторијанскиот начин на шминкање - облеката им е богата со детали и материјали, но шминката е минималистичка. Во исто време се појавува нешто спротивно, а за да го постигне, Лиса Елдриџ треба да се фрли во сериозна потрага по состојките.
Стана фенси да се инвестира во некои еко-проекти бидејќи со тоа демек се компензираше штетата од тековното испуштање гасови кои ја загреваат планетата. Со милијарди долари се тргуваше со таканаречени јаглеродни кредити кои даваа шанса за секој испуштен тон CO2 да се инвестира во нешто зелено. Биле анализирани главните 50 такви проекти. 78% испаднале џанк.
Иако над три милијарди луѓе зборуваат некој јазик од големото индо-европско семејство, точната локација од каде потекнал оној „прото“ - првиот, од кого постепено се развиле останатите, не е јасна. Тим истражувачи сега има нова теорија која ги помирува претходните две, до сега сметани за тотално спротивставени.
Пред мексиканскиот конгрес беа обелоденети остатоци на нешто за што личи на вонземјани. Биле најдени во рудник во Перу а се стари можеби и 1.800 години. Истиве мумии да беа покажани пред американскиот конгрес, луѓе ќе помислеа дека се работи за просечно стар американски сенатор.