- Материјалните докази обезбедени по убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се на иста линија со исказите што ги дале осомничените, порача скопскиот обвинител Гаврил Бубевски кој не соопшти нови суштински детали од истрагата.
- Обвинителството и министерот за полиција одеднаш станаа резервирани за споделување информации откако експерти предупредија дека нивните етикетирања и политички квалификации можат да им помогнат во притворените во судскиот процес а на Палчо во избегнувањето екстрадиција со објаснување дека му се мести политички процес.
- Од друга страна, Ковачки од ВМРО ДПМНЕ праша зошто Спасовски лажел за „Цитроенот“ на Жежовски. Тоа возило било пријавено за исчезнато уште на 22-ри ноември а Спасовски тврдеше дека тоа не се движело низ Скопје и не се барало затоа што не било пријавено за исчезнато.
- Еднократните уреди за пушење/испарување кои се појавија пред само неколку години, со уредба на ЕУ, ќе бидат забранети кон крајот на 2026 година.
- Забраната првенствено е насочена кон заштита младите но и на животната средина. Електронските цигари за еднократна употреба содржат мали батерии со вредни суровини како што се литиум или кобалт, и тие обично завршуваат во ѓубре, наместо правилно да се рециклираат. Претставуваат и опасност од пожар.
- На најголемиот светски саем за тутун, Интертабак во Дортмунд кој се одржуваше деновиве, од вкупно 800 штандови, 300 нуделе нови производи.
- Во понудата биле над 600 различни вкусови – од нане и боровинки, па сè до чизкејк.
- Постојат дури и е-цигари со вградени екрани и гејминг функционалности.
- И Наќе Георгиев и Иџет Мемети признаа дека земале 10.000 евра мито, за да влијаат на судска пресуда и влијаеле, по што - едниот се спогоди со ЈО, а другиот доби само условна осуда.
- Корумпираното обвинителство и судство не отворија постапки за обвинителите и судиите врз кои Георгиев и Мемети влијаеле, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Каде се и кои се луѓето кои под притисок или влијание на Наќе Георгиев и за Иџет Мемети досудиле поблага казна? Тие уште судат и правоораздаваат, потсетува таа.