Лајковите за токсични објави предизвикуваат уште повеќе омраза

Неверојатен пораст има на пораки полни омраза во денешното општество кое работи на технологија. Расизам, хомофобија, ксенофобија, па дури и лични напади на луѓе што „се осмелуваат“ да не се согласуваат со некого - овие и сите други форми на онлајн омраза се приказ на една грда страна на општеството.

И првата помисла е дека единствената намена за објавување онлајн хејт е да се малтретира и повреди жртвата, така?

Не мора да значи.

Недамнешни студии зборуваат за причината поради која луѓето „мразат во постови“: Да добијат внимание и да постигнат одобрување од околината составена од корисници на социјални мрежи со слично мислење. Значи, зборуваме за друштвена активност. Возбудливо е да се биде најгаден и најпис за да се добијат многу лајкови или срциња.

Онлајн омразата е социјален феномен
Ако погледнеме онлајн пораки со омраза, почнуваат да се забележуваат траги кои укажуваат на тоа дека многу често, тие што создаваат омраза си објавуваат пораки едни на други, а не им се упатени кон тие што се имплицирани.

На пример, заговорници на белата надмоќ и нео-нацисти често вклучуваат кодови и симболи кои имаат значење во рамки на нивната група, но се неразбирливи за тие однадвор, каде што влегуваат и луѓето на кои овие пораки се однесуваат. Да вклучиш „88“ во пораката, хаштагот или името на профилот, значи го имаш тој код: Лексикон на изрази на омраза го дефинира како осмата буква од латинската азбука - Х, па од таму ХХ, па од таму - „Хајл Хитлер“.

Уште еден пример што наведува на тоа дека хејтот е само за хејтерите е начинот на кој се пренесува од мејнстрим на постранични сајтови што се станати толку вознемирувачки, што е тешко да се замисли зошто член на таргетираната група вопшто би сакал да влезе таму.

„Собирање во банда“ гради заедница
Понатамошни истражувања налагаат дека хејтерите функционираат на меѓусебно одобрување. Вака тоа работи: Корисник на една платформа регрутира други корисници да таргетираат и да малтретираат некого на друга платформа - креаторот на одредено Јјутјуб видео на пример. Објавата на тој што „ги собира“ содржи линк до видеото и опис на некоја раса или социјално прашање, а со тоа ги распалува можните соучесници. Следачите одат на Јутјуб и се гомилаат, па коментарите ги полнат со хејт-пораки. Нападот личи како намерата да му е да се антагонизира жртвата, наместо да се градат врски меѓу антагонистите. А ефектите на таргетираниот можат да бидат ужасни.

Сепак зад кулисите, напаѓачите се враќаат на првичната платформа каде што е и организиран „заговорот“, па меѓу себе се фалат со „виде ли што му напраив“. Објавуваат скриншотови од страницата за да се пофалат со своите дела, си честитаат меѓу себе, а на остатокот од светот му покажуваат дека сепак целата работа била за внимание и одобрување, што пак одговара со теоријата на социјално одобрување на омраза на интернет.

Уште директни докази има - едно истражување забележува дека колку повеќе „гласови“ или лајкови добиваат луѓето на хејт-коментари, толку повеќе тенденција имаат да објавуваат уште такви. Истражувањето го опфаќа Твитер, каде што се забележало дека после многу фаворизиран твит полн омраза, корисникот станувал сѐ бетер и бетер во објавувањето потоа. Колку повеќе ретвити, толку повеќе екстремен хејт на истата тема.

Овие наоди не прават ништо за да го поништат реалниот проблем - повредувањето и бесот кои настануваат кога луѓето ќе се видат себеси или нивните идентитетски групи во напад онлајн.

Теоријата на социјално одобрување на омраза на интернет не објаснува како луѓето почнуваат да мразат или добиваат предрасуди од старт. Но, обезбедува нов поглед во изразувањето на омразата на социјалните мрежи и начинот на кој социјалната гратификација ги охрабрува плимите и осеките на оваа проблематична пракса.

5 декември 2023 - 17:49