- Вкупно 102 хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб се раштркани по 14 разни затвори во Грција. Адвокат на 90 од нив е Гркот Атанасиос Каименакис, и самиот некогаш припадник на навивачката група Гејт13 која е во пријателски односи со Бед Блу Бојс.
- Тој вели дека за 60 лица од 90 колку што тој ги застапува не постојат никакви материјални докази ниту видео снимки ниту ДНК траги врз основа на кои се задржани во истражен затвор.
- Денес на суд излегуваат 44 припадници на Бед Блу Бојс кои се теретат за злосторничко здружување, недозволено и незаконско носење и користење оружје и нив на терет им се ставаат дури 11 казнени дела. Тие негираат вина за убиството на младиот навивач на АЕК во нередите кои хрватските навивачи ги предизвикаа во квартот Неа Филаделфија во Атина пред мечот од квалификации за Лига на шампиони.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.