Изминатата година овој збор бил во првите 20-30 пребарувања на сајтот на издавачот на познатите речници на англиски јазик. Расна, социјална, економска - сите овие биле во центарот на американската (и не само американската) дебата.
Вообичаената мантра е - ако чуваш некој гнев или незадоволство во себе, тоа не е здраво и треба што побрзо да се надмине и заборави. Нова книга го тврди обратното: лутината е корисна, затоа што нуди морален компас и го крепи достоинството.
Во чест на 100-годишнината од раѓањето на големиот руски автор (11.12.1918, Кисловодск), една негова обожавателка решила да се обиде да живее како него, барем на 24 часа. Не било баш лесно.
Колку интернет страници на македонски знаете кои објавуваат квази-научни информации, полувистини па дури и здравствени совети кои всушност можат да ви го влошат здравјето? А колку сајтови на македонски знаете кои преку авторски текстови ви нудат издржана научна информација? Еве еден.
Купер од мал сакал да биде режисер. Иако испаднал успешен актер (Silver Linings Playbook, American Sniper) интересот за тоа да биде зад камерата не го напуштил. Неговото режисерско деби, римејк на „Ѕвездата е родена“, му е добар почеток. А музиката од филмот одлична!
Во контекст на протестите во Париз против политиките на Макрон, не можевме а да не се потсетиме на еден автор кој одамна ѝ предвиде апокалиптична судбина не само на Франција, туку и на Европа. Го замисливме како осамен пие во некоја селска биртија и се кикоти дур гледа вести. Ама тој да ти се - оженил!
Истражувачка од Универзитетот во Мичиген открила музички ракопис чиј автори се тројца полски затвореници во Аушвиц. Најстрашното и најироничното е неговиот наслов.
Не е толку познат како Стиви Вондер, Реј Чарлс или Бочели. А неговата успешна приказна покажува колку е сепак тешко за слепите и слабовидни лица да дојдат до ресурси потребни за изведување класична музика.
Не мора да се разбирате во техничките детали за да уживате во музика. Но понекогаш задлабочувањето во она што се случува во нотниот запис отвара неочекувани хоризонти и прави уште повеќе да го цените она што го слушате.
Eден холандски сликар, кого критичарите од времето пред Втората светска војна го сметале за „лузер“ и евтин плагијатор на делата на славните мајстори, решил им да се одмазди. И тоа скапо да го наплати.
Можеби царските фамилии во денешниот свет се архаична институција, но освежува кога ќе се види дека луѓе со толку големи ресурси и привилегии ги користат истите за интелектуални цели, а не (само) за излежување по јахти и полнење на жолтиот печат.
Сонувала да биде бродвејска актерка. Но завршила како десна рака на Гебелс, кој користејќи го нејзиниот глас и џез музика изведена во живо, преку кратките бранови ја ширел наци-пропагандата.
„Помеѓу надеж и страв“ е веројатно најдобриот наслов за книга која се однесува на вакцините. Нејзиниот автор се осврнува на историјата на анти-ваксерското движење, истовремено истражувајќи ја и историјата на човечкиот имунитет.
Режисерот Стив МекКвин („Срам“ и Оскар за „12 години роб“) почнува нов проект - ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон.
Дебиси некогаш изјавил дека музиката е „тишина помеѓу нотите“. Но Роман Тиери се обидува таа тишина да не стане заглушувачка. Веќе десет години е во потрага по заборавени клавири покриени со прашина, кои ги минуваат своите последни денови во осама.
Тргнавме да пишуваме од трета рака за концертот на Брн во Бостон кога ни текна - па Илија беше таму! Не требаше многу убедување, да ни раскаже како си поминал.
На 30 август ќе излезе новата книга на Харари, која се занимава со најактуелните проблеми со кои се соочуваме денес, како климатските промени, подемот на вештачката интелигенција и реперкусиите на промените врз национализмот и религиите.
Додека кај нас политичките препукувања одамна станаа предвидливи, во САД тие на моменти добиваат неочекувани облици. Кога нам ќе ни текне, на пример, некого политички да дисквалификуваме затоа што имал фетиш кон фиктивни чудовишта?
Ако сте многу на компјутер (а кој не е?), знаете - тоа знае да биде тешка физичка работа. Боли врат, се кочат прсти, се фаќа половина, се мати пред очи. Некои ја сфатиле опасноста од долго седење многу пред појавата на компјутерите, и смислиле решение. Што викаат, лекот е пет пари ама кој да го применува...
Низ средиштето на Папуа Нова Гвинеја минува планински масив, со тешко достапни долини меѓу планините, покриени со шуми. Тоа е терен изолиран со милениуми, што довело до тоа населението кое живее тука да развие различни јазици и култури. Еден од тие јазици има посебна функција
Филозофските идеи некогаш знаат да бидат толку откачени, небаре нивните носители - филозофите - се на дроги. Но некогаш тоа не е метафора, туку вистина. На пример во случајот со Сартр.
Девојката од оваа приказна ја знаеме уште како студентка по етнологија. Но за нејзините патешествија дознавме неодамна, кога го купивме најновиот број на „Лице в лице“ и ја видовме на фотографија. Тијана била во Јужна Америка? Правела и продавала торти за да заработи за патувањето? Ја каснал мајмун? Секој го истражува светот онака како што умее, вели таа. Ама некои се малку похрабри од другите.
Град од милион жители со стокмен стадион и голема желба на него да се игра натпревар од светското не успева во намерата. Но знае да возврати - со балет на тема фудбал.
Четвртокот вечер толпа гледачи се собра во Хобарт, Тасманија, за да гледа како еден човек ќе биде жив закопан. Мајк Пар, перформанс уметник познат по претходни екстремни настапи, на 73-годишна возраст одлучи да остане под земја 72 часа, без храна, само со вода и една книга.