Темата на која деновиве се посветени илјадници текстови, и тоа не само во американските медиуми, беше поттикната од Лесли Кокбрн, демократска која се кандидира за Конгресот од петтата област во Вирџинија. Во неделата на Твитер таа го обвини нејзиниот републикански опомент, Денвер Риглман, дека е „голем обожавател на Бигфут еротика“. Нејзиниот твит вклучуваше грубо нацртана претстава на ова чудовиште, со цензурирани гениталии, преземена од Инстаграм-от на Риглман. „Не ни треба ова на Капитол хил“, гласеше нејзината порака.
Сликата е всушност корица за самиздат на Риглман, книга под наслов „Навиките за размножување на Бигфут и зошто жените го сакаат“. Таа била до скоро промовирана на ФБ сајт на авторот, кој во меѓувреме е избришан.
Риглман потврдува дека пишувал „некој вид антрополошка книга базирана на пародија и сатира“, но дека целата работа е интерна зафрканција помеѓу него и негови колеги од војската (Риглман е поранешен разузнавач во воздухопловството), која само некој крајно глуп би можел да ја сфати сериозно.
„Црн ден за политичкиот дискурс во Америка“ - вака беше оценет целиот случај во посериозните американски медиуми. Но дури и тие признаа дека е добар повод да се научи нешто за темата.
Жанрот бигфут еротика е подкатегорија порнографска литература наречена криптозоолошка еротика, а стана актуелна откако пред неколку години Амазон и други онлајн книжари почнаа да бришат книги кои припаѓаат на категоријата „манстер порн“ од нивните сајтови. Критиките кои доведоа до ова велеа дека овие книги содржат силување, бестијалност и педофилија. Некои автори реагираа со менување на насловите и на описите на книгите, или со ознаки „Само за возрасни!“. Во моментов Амазон содржи десетици е-книги со наслови како „Морници за Јети“ и „Невестата на Бигфут“.
Ова се речиси секогаш самоиздадени, кратки и евтини книги, чии корици содржат опсценост и бизарни слики. Во 2013 една авторка на ваква книга за Бизнис инсајдер изјави дека нејзиниот самиздат - еротика со чудовишта - понекогаш заработува 30.000 долари месечно.
Додуша, сексуалните врски помеѓу луѓето и митските животни/суштества се наѓаат во древни митови на бројни култури. Едноставно луѓето се палат на моќ, а што е попривлечно од влакнесто суштество со големи стапала, големи раце, и сè големо, кое не зборува?