Овие две индустрии речиси отсекогаш оделе рака под рака. Скоро е невозможно некој да не знае за фразата „со пивце да гледаме фудбал“. Од кога датира врската на фудбалот и пивото и каде првпат се рекламирани алкохолни пијалаци на дресовите?
Годината со која се поздравуваме донесе врвни потези во најдобрата светска лига. Од Кајри Ирвинг преку Дерик Роуз до Ајзеа Томас, НБА мајсторите со топка правеа чуда.
Проминентниот фотограф пјотр Титаренко (има работено за Вог, Харперс Базар, Форбс), сликнал 12 руски хокејарки од седум тамошно клубови. Лесно ќе пролизгате низ галеријата.
Иако она што секој од нас го подразбира под „добра“ музика веројатно нема да се смени, технологијата ќе направи (како што веќе прави) да се сменат многу работи околу она „музика“. Еве неколку од начините на кои ќе треба да се навикнеме. Или не.
Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.
Последната епизода за 2017-та на „Фчерашни новости“ го носи и новиот хит. Промоцијата на новиот музички спот на Фчерашни ќе се случи оваа недела во епизодата 14 од третата сезона.
Ретко кој добива такво чувство на „СÈ САКАМ”, како тинејџерка залепена за излог на Claire’s. Реално, и на 30 тешко се одлепува човек. Сè уште е сето тоа внатре бомбона, само што, малку имат азбест во бомбоната.
И покрај звучните пред и пост изборните најави дека ќе депортира милиони илегални Мексиканци од САД, податоците на самото Мексико покажуваат дека во периодот од јануари до ноември годинава од САД биле вратени една четвртина помалку Мексиканци отколку истиот период во последната година на Обама.
Денес како гром од ведро небо се појави информацијата за преминот на најдобриот играч на Саутемптон во Ливерпул. Вирџил Ван Дејк е шести фудбалер кој оди во таа насока.
По серијата срамни резултати со Беневенто и Верона, во таборот на Милан конечно огреа сонце. Го добија градското дерби во четвртфиналето од Купот и тоа со Донарума на голот, ама Антонио за кој брат му Џиџо пред да потпише го услови клубот да го земат и него. Навивачите експлодираа од иронија.
Градското дерби меѓу Милан и Интер до толку има тежина, што Гатузо рече дека вечерва ќе биде важно како мундијалско финале. Ќе се потсетиме на едно неодамнешно со скроз неочекуван однос на навивачите на кое тренерот на Милан тогаш беше меѓу играчите и им рече дека се луди.
Тоа е таа повеќеслојна институција на која Балканците и го гледаат само првиот евентуално вториот слој. Нели, омажи се/ожени се, па ќе видиме. Повторено е милион пати, од многу попаметни од нас, ама еве го пак: не е баш така. И еве ги паметните:
На 23 јуни 1985 година во полуфиналето на Копа Италија еден друг Икарди, помалку познат од овој денес, го решил големото градско дерби. Играл во не баш сјајна ера на Милан а со неговото заминување почнала големата берба на трофеи.
Уругвајскиот напаѓач Себастијан Абреу очигледно е најненаиграниот фудбалер на планетава и човек кој ако може ќе заигра во сите клубови што постојат. Игра од времето на Франко Барези, генерација е со Неста, Роналдо и Шевченко и само што потпиша нов договор.
Пробувал разни светски признати методи со цел да ги намали болките во коленото за да на крај лекот го најде во една терапија која многу стручњаци ја сметаат за плацебо ефект.
Просто неверојатно идентични судбини на најдобрите фудбалери на светот со нивните браќа. И двајцата имаат страшно незгодни браќа кои прават проблеми каде стигнат а кои да докажат дека се послушни во „слободно време“ работат во музеите на ѕвездите.
Секој нов настап му носеше нов рекорд и секој фудбалски извештај со него почнуваше со оценка за неговата игра изразена во суперлативи. Па зарем им ли фудбалски тинејџер во светот кој не посакува ваков блескав почеток во кариерата?
Старата максима за капитализмот беше дека во тој систем неизбежни се само две работи: да умреш и да платиш данок. Новите општествени ветришта преточени во модерни легислативи донесоа интересен пресврт: може и да не ллатиш данок, само што треба да умреш како геј.
Како сите му се имаат з'гнато на тоа јагенот, човек да помисли дека само што не дошол денот кога ќе мора под рака да диламе ќумурчиња за скара. Не ќе да е така; надлежните агенции проценуваат дека глобалната побарувачка на јаглен ќе се зголемува и наредните пет години.
Се смета дека Трофим Лисенко убил повеќе луѓе отколку кој и да е друг поединечен научник во историјата. А не дека немало јаки „убијци“, во вид на пронаоѓачи на динамит, отровен гас, атомски бомби. Сепак, сите тие можат вода да му носат на овој биолог.