Кој е стоперот од Суринам за кој Ливерпул плати 75 милиони фунти?

Денес како гром од ведро небо се појави информацијата за преминот на најдобриот играч на Саутемптон во Ливерпул. Вирџил Ван Дејк е шести фудбалер кој оди во таа насока.

„Црвените“ за него платиле 75 милиони фунти а високиот дефанзивец кој потпиша пет ипол годишен договор ќе заработува 180.000 фунти неделно и ќе го носи дресот со број 4. На „Енфилд“ доаѓа на 1. јануари кога почнува зимскиот преоден рок.

За играчките квалитети на Вирџил одамна се знае. Висок по раст (196 см), со одлични атлетски атрибути кои му дозволуваат да доминира над противниците во воздух. Брзината која ја поседува не им дава на противничките напаѓачи да му изебгаат. Има одличен преглед на игра и точни дијагонали. Практично идеален стопер.

И покрај последната повреда која што го отстрани од теренот извесно време, тој не е склон на повреди досега во кариерата. Статистички игра околу 30 средби за една сезона а огромен бонус е што има 25 години.

Зошто Саутемптон не сакал да се откаже од Холанѓанецот така лесно? Особено ако се види дека „Светците“ без проблем ги пуштаа своите најдобри играчи како Адам Лалана и Садио Мане. Одговорот е прост: Видете му ја статистиката. Вирџил лани беше меѓу четворицата најдобри одбранбени играчи во Премиер лигата:

Легендата на Саутемптон Мет Ле Тисие е убеден во квалитетите на Холанѓанецот: „Вирџил ван Дејк е еден од најдобрите на својата позиција во премиер лигата. Тој е најважен играч за нас. Ја врши својата работа со чудесна леснотија“, рекол за Sky Sports Ле Тисие.

ФУДБАЛСКИОТ ПАТ НА ВИРЏИЛ ВАН ДЕЈК

1991 година - позната од политичка точка на гледање во цел свет. Распад на СССР а заедно со него и крај на „Студената војна“. Срушен Берлинскиот ѕид, многу дојденци од Источна Европа и поранешниот Советски сојуз на Запад во потрага за подобар живот.

Гладот и војните царувале во многу земји, САД влегоа во Ирак, Русите војуваа во Чеченија и Осетија а во Сомалија и Југославија почнаа страшните војни.

Во такво неспокојно време, во семејството дојденци од Суринам во холандскиот град Бреда се родил Ван Дејк. Родителите на Вирџил емигрирале во Европа поради немирите во татковината. Во Суринам беснеела борба за власт меѓу диктаторот Дези Баутерсе поранешен кошаркар и бунтовникот Рони Броинсвијк.

Суринам тогаш (1975-та) стекнал каква таква независност од Холандија. Суринам ден денес се смета за колонија на Холандија, но на почетокот и припаѓала на Шпанија. Англичаните откако го освоиле Суринам пред неколку векови го размениле со Холанѓаните за Нов Амстердам (порано така се викал Њујорк).

Интересен факт: во Суринам има многу Индијци и Кинези коишто се преселиле тука уште во XIX век за да работат на плантажите. Црнците пристигнале од Африка па населението се измешало и корените на карипските племиња биле практично истребени. По изгледот на Вирџил може да се процени дека во него тече и азиска крв.

И покрај малата територија (најмала држава во Јужна Америка), Холандска Гвајана отсекогаш била богата со спортски таленти.

На плажите на оваа земја својот фудбалски дар го развивале големи фудбалер како Руд Гулит, Франк Рајкард, Едгар Давидс, Кларенс Сидорф, Патрик Клајверт, Ројстон Дренте, Рајан Бабел, Арон Винтер, Андвеле Слори, Ромео Кастелен, Џими Флојд Хаселбанк, Џермејн Ленс, Михаел Рајзигер, Винстон Богард, Гастон Таумент, Реџи Блинкер и многу други кои настапуваа за репрезентацијата на Холандија.

Замислете колку би била јака оваа репрезентација ако сите тие би играле за родната земја?

ПРВИТЕ ФУДБАЛСКИ ЧЕКОРИ

Откако го приметиле талентот на синот за фудбал, родителите го пратиле во школата на скромниот клуб ВДС-19, а потоа и во познатиот Вилјем II во кој во свое време кариерите ги почнале поранешната ѕвезда на Барселона Марк Овермарс, Јап Стап - најдобриот стопер во ЛШ во сезоната 1999/2000 во Манчестер Јунајтед и легендата на Ливерпул Сами Хипија. Финецот во Вилјем II играл четири години од 95 до 99-та.

Тилбург, градот каде е базата на Вилјем II е на половина час возење до Бреда - малиот провинциски град каде што се наоѓа познатиот Меѓународен Универзитет Тилбург кој ја имал најдобрата библиотека во Европа. Малиот секој ден одел во школо со мини-бус.

Високиот и паметен Вирџил веднаш се двоел од врсниците по зрелоста во играта. Скаутите од целата земја почнале да доаѓаат да го видат „чудото од дете“ на дело. Сите од нив им се јавувале на неговите родители, но најконкретен бил Гронинген. Тој Гронинген каде во свое време блескаа Луис Суарез, Арјен Робен и сегашниот тренер на „Карамелите“ Роналд Куман. Гронинген бесплатно на слободен трансфер го потпишал Вирџил и го оставил на 1-годишна позајмица во Вилјем II.

А таму Ван Дејк брзо стигнал до сениорите и следната година добил шанса во првиот тим на Гронинген. На 20 години веќе играл стандардно а дебито го имал на мечот со Адо ден Хаг каде влегол во игра наместо стрелецот на еден од головите - Питер Андерсон, и одиграл околу половина час.

Таа сезона Гронинген завршил 5. место и стекнал право да игра во плејофот од квалификациите за Лига Европа.

БОРБАТА НА КЕЛТИТЕ ЗА НЕГО

Вирџил тивко напредувал, играл во првиот тим, настапувал за резервите и за U21 репрезентацијата на Холандија.

Тогашниот тренер на Гронинген Питер Хејстра, поранешно крило на Ренџерс и репрезентацијата на Холандија се сеќава: „Ван Дејк имаше одличен преглед и умееше да ја чита играта, но за добра иднина требаше да ги поврзе читањето на играта со тактиката на екипата. Очигледно беше дека израснува во страшен фудбалер“.

И Ван Дејк му вратил со првиот гол во кариерата и тоа против Феенорд, тогаш под водство на Куман. Тоа бил сензационален резултат и еден од најтешките порази во историјата на Феенорд (6:1). Тотално ги декласирале, а во екипата заедно со Вирџил тогаш играле и неговите довчерашни соиграчи Душан Тадиќ и Јорди Класи.

Во сезоната 2011/2012 Вирџил одиграл 23 меча а на крајот од сезоната поради повреда не покажал се што знае. Грациано Пеле, италијанскиот центарфор кој тогаш играше во Ередивизија рекол дека никогаш не видел поснажен играч од Ван Дејк.

Следната сезона одиграл 34 натпревари, дал два гола и 4 асистенции и заслужил трансфер во шкотскиот Селтик кој за него платил 2,6 милиони фунти и му дал 10% од следниот трансфер на Гронинген. Келтите ја добиле борбата за Вирџил со многу сериозни клубови како Евертон и Ајакс.

Своето деби за новиот клуб младиот Вирџил го имал против Абердин кога влегол на 13 минути пред крајот. После неколку дена, во меч од плејофот за Лига на шампиони против Шахтор Караганди од Казахстан дебитирал од стартот. Тогаш Казахстанците направија сензација, ги победија Шкотланѓаните на „Астана Арена“ со 2:0 и беа спремни за првпат да заиграат во Лигата на шампионите.

Но пред 70.000 гледачи „Детелините“ славеа со 3:0, ја анулираа негативата и се пласираа во групната фаза од ЛШ со Ајакс, Барселона и Милан.

Ван Дејк играше на сите 6 меча во групната фаза но не му помогна на Селтик да избегне пораз на сите дуели освен со Ајакс на свој терен. Во домашното првенство Вирџил лесно ја славел титулата со Селтик откако Ренџерс беше пратен во пониска лига. Холандскиот стпер одигра повеќе од 30 меча таа сезона и постигна 5 гола.

Следната година настапил на неверојатни 58 меча во сите натпреварувања, нанижал 10 гола, ја освоил титулата и Купот па влегол во симболично најдобрата екипа во лигата.

Но тоа не ги убедило селекторите на Холандија кои упорно го игнорирале. „Последен пат бев на поширокиот список но не ме викнаа. Дури и кога фалеа централни дефанзивци не ми се јавија. Во Холандија често збореа дека им е тешко да судат за мене зошто сум играл во шкотска лига. Мислам дека заслужив шанса“, рекол Вирџил во интервју за De Telegraf.

Ван Дејк набрзо преминал во Премиер лигата и го заработил првиот повик во репрезентацијата, во октомври 2015 година. „Кога играш во Англија, повеќе те следи холандската јавност. Тоа одамна е така“, рекол неговиот поранешен тренер Хејстра.