Годината во која светот го запозна Килијан Мбапе

Секој нов настап му носеше нов рекорд и секој фудбалски извештај со него почнуваше со оценка за неговата игра изразена во суперлативи. Па зарем им ли фудбалски тинејџер во светот кој не посакува ваков блескав почеток во кариерата?

2017-та за Мбапе ќе остане врежана не само во неговиот мозок, туку и во сите фудбалски аналитичари кои се занимаваат со статистика. Неговите дела оваа година не можат да се избројат.
 
11 февруари 2017
Килијан Мбапе го постигна првиот хет-трик во Лига 1 и стана најмлад играч во тоа рушејќи го рекордот на Жереми Менез во 2005-та.
18 години, 1 месец и 22 дена
 
21 февруари 2017
Го постигна првиот гол во ЛШ и стана најмлад играч кој го сторил тоа за Монако и втор најмлад француски стрелец во историјата на натпреварувањето.
18 години, 2 месеци и 1 ден.
 
25 март 2017
Го доби првиот повик за Франција и стана најмлад Французин по Маријан Визниески во 1955-та.
18 години, 3 месеци и 5 дена
 
19 април 2017
Стана најмлад фудбалер во историјата на ЛШ кој постигнал гол на двете средби во четвртфинале.
18 години, 3 месеци и 30 дена.

19 април 2017
Стана првиот играч во историјата на ЛШ кој даде гол на сите први четири нокаут средби.
18 години, 3 месеци и 30 дена
 
9 мај 2017
Стана најмлад играч во историјата на ЛШ со гол во полуфинале.
18 години, 4 месеци и 19 дена
 
15 мај 2017
Најдобар млад играч на годината во Лига 1 и дел од тимот на годината во Лига 1 за сезоната 2016/2017
1.501 минути
29 средби
17 како стартер
15 голови
8 асистенции
18 години, 4 месеци и 25 дена
 
17 мај 2017
Ја освои титулата со Монако, неков прв трофеј во кариерата.
18 години, 4 месеци и 27 дена

31 август 2017
Стана најмлад играч кој постигнал гол за Франција после 1963-та и трет најмлад во историјата.
18 години, 8 месеци и 11 дена.
 
31 август 2017
Потпиша за ПСЖ на една сезона како позајмен играч со обврска да го купат за сума од 166 милиони фунти.
18 години, 8 месеци и 11 дена
 
8 септември 2017
Стана втор најмлад играч во историјата со гол на дебито за ПСЖ во Лига 1.
18 години, 8 месеци и 19 дена
 
12 септември 2017
Стана најмлад стрелец за ПСЖ во ЛШ и прв тинејџер кој дал гол за две екипи во елитното натпреварување.
18 години, 8 месеци и 23 дена

9 октомври 2017
Најмлад играч кој е номиниран за Златната копачка
18 години, 9 месеци и 19 дена
 
18 октомври 2017
Стигна до 8 гола во ЛШ со што стана најпрецизен тинејџер во историјата на натпреварувањето.
18 години, 9 месеци и 28 дена
 
23 октомври 2017
Стана втор најмлад играч номиниран за наградата „Golden Boy“. Најмлад е Меси.
18 години, 10 месеци и 3 дена
 
4 ноември 2017
Стигна до 20 голови во Лига 1. Најмлад играч на кој му успеало тоа во последните 40 години.
18 години, 10 месеци и 15 дена

5 декември 2017
Стана најмлад играч во историјата со 10 гола во ЛШ и тоа по само 15 настапи.
18 години, 11 месеци и 5 дена
 
7 декември 2017
Заврши седми на доделувањето на наградата Златна топка и со тоа стана најмлад играч во историјата кој завршил во топ 10.
18 години, 11 месеци и 17 дена
 
20 декември 2017
Килијан Мбапе ја заврши годината со 32 гола на сите натпреварувања, а тоа е рекорд за играч под 21 годината, ама после Роналдо кој во 1995-та даде 38.
На овој ден наполни 19 години
25 декември 2017 - 13:36