Како нестандардно решение му ја спасило кариерата на Надал

Пробувал разни светски признати методи со цел да ги намали болките во коленото за да на крај лекот го најде во една терапија која многу стручњаци ја сметаат за плацебо ефект.

Светскиот рекет број еден Рафаел Надал поради проблеми со коленото се повлече од последните два турнири во 2017 година, а минатата недела го пропуштил и тренинг собирот.

„Не беше спремен да тренира. Ми се јави и ми кажа дека здравјето не му дозволува“, ја објаснил состојбата на Надал периодов, Португалецот Жоао Соуза којшто е должен да ја спреми сезоната со 16-кратниот освојувач на Гренд Слем. Рафа се откажа и од богатиот турнир во Абу Даби кој стартува утре. На негово место влезе неговиот сонародник Агут Баутиста.

Надал има хронични проблеми со коленото - тие му се јавиле од вродена патологија на левото стопало. Поради неправилен развиток на една од малите коскички, се јавува дефект при закрепнување на мускулите и тие не се спремни за тениски напори.

Во 2004 година на Шпанецот му направиле специјални патики кои му го фиксирале стопалото. Како резултат на тоа дел од теретот одел на коленото и потколеницата. Во позадина на постојаната работа на теренот кај Надал се јавил тендинит - хронична повреда на лигаментите.

Најлошо се чувствувал во 2009 година кога го помина најтешкиот период во кариерата: прво изгуби првпат на Ролан Гарос (до тој момент освои четири титули), а потоа не можеше да ја одбрани ни титулата на Вимблдон.

Во тој период Рафа ја пробал процедурата која веројатно му ја спаси кариерата - PRP терапија.

ВО ШТО Е СУШТИНАТА НА ОВОЈ МЕТОД?

На пациентот му земаат околу 30мл крв и ја чуваат во центрифуга, со цел да се оддели крвната плазма богата со тромбоцити која во себе содржи фактори на раст и други супстанци кои активно учествуваат во лекување и обновување на оштетеното ткиво кое го стимулираат.

„Ги собираат најдобрите клетки“, раскажал еднаш Фернандо Вердаско кој се лекувал во исто време со Надал.

PRP терапијата првпат ја исползувале уште во 1987 година во време на операција на срце. После тоа применувањето се раширило. На пример плазмата со богати тромбоцити кои помагаат да се обноват коските после повреда или во лекување на меките ткива после пластична операција.

Меѓу спортистите PRP терапијата станала популарна во 2008 година откако успешно ја искористиле НФЛ играчите Хајнс Ворд и Трој Поламало. По брзиот третман тие двајца му помогнале на Питсбург Стилерс да го освои Суперболот. А во 2009 година оваа метода ја пробале Надал и богатиот голфер Тајгер Вудс.

Во спортот со плазма се лекуваат воглавном хронични повреди на лигаментите и тетивите. Тие повреди обично се јавуваат во области во кои природните пат на крвта и факторите на раст делуваат лошо па PRP вештачки ги надополнува.

КОЛКУ Е ЕФЕКТИВНА ПРОЦЕДУРАТА?

„Делуваше просто неверојатно. Јас целосно се опоравив за многу кратко време“, изјавил Надал после првото исползување на PRP терапијата.

Американскиот тенисер Џејмс Блејк имал и други впечатоци: „Не знам дали ми помогна терапијата. Таа треба да помогне брзо да се вратиш“.

Научната ефективност на процедурата уште не е докажана. Кога PRP терапијата почнале да ја користат во спортот, специјалистите укажувале на отсуство на студии со контролна група и дека станува збор за плацебо ефект.

Оттука постои веројатност дека лекувањето го помагаат и други фактори: психолошкиот ефект на плацебото или проток на крвта поврзан со механичка стимулација при вбризгувањето.

Во 2013-та година научниците спровеле истражување и докажале дека PRP методот во лекување на остеоартрит бил плацебо ефект. Многу лекари не се согласуваат. 

На пример Надал ја користел во време на продолжена пауза при опоравување и во 2013-та кажал дека при лекување на новата повреда терапијата му помогнала многу и му ги спречила болките.

Освен тоа, репутацијата на оваа процедура ја повредил извесен доктор Ентони Галеа кој е еден од првите кои ја применил PRP терапијата во спортот и му помогнал на Тајгер Вудс. Во 2009 Галеа го уапсиле за увоз на хормони на раст во САД од Канада. После тоа се појавил сомнеж дека докторот го мешал хормонот за раст со плазмата и процедурата затоа била ефективна.

На почетокот на декември 2017-та на доктор Галеа му ја одземале медицинската лиценца во САД на девет месеци поради увоз на забранети препарати. Во 2010 година WADA (Светската анти-допинг агенција) ја забранила процедурата поради тоа што доведува до раст на мускулите. Но во 2011-та ја тргнале од списокот на забранети терапии.