Како одат заедно фудбалот и алкохолот?

Овие две индустрии речиси отсекогаш оделе рака под рака. Скоро е невозможно некој да не знае за фразата „со пивце да гледаме фудбал“. Од кога датира врската на фудбалот и пивото и каде првпат се рекламирани алкохолни пијалаци на дресовите?

Во годинешното истражување на BBC „The Price of Football“ за цените на сезонските и единечните влезници за стадионите ширум Европа, има и податоци за продажбата на пиво.

Обичен англиски паб, каде може да се гледа премиер лига за време на фудбалска сезона заработува во просек по 30.000 фунти повеќе отколку пабовите каде не се дава фудбал.

Спонзори на готово сите европски топ клубови во некое време биле алкохолни брендови. Индустријата која пропагира здрав начин на живот и онаа која промовира не баш сличен живот тесно се поврзани. Време е да сфатиме зошто. На почетокот на 2000-те студентите на харвардскиот универзитет востановиле: во фудбалот е поголем процентот на конзументи на алкохол отколку во другите спортови (53% наспроти 39%).

Алкохолните брендови во почетокот се решиле за спонзорски логоа на дресовите. Во 1970’ година создавачот на Jägermeister Гинтер Маст сфатил дека амблем на најпознатиот германски ликер би имал одлична реклама преку дресот на Ајнтрахт од Брауншвајг, во кој е и заводот на компанијата.

Jägermeister тогаш веќе знаел за спонзорствата на BMW и Porsche во спортот - но фудбалот им бил права мета поради големиот аудиториум.

Jägermeister му платил на Ајнтрахт 800.000 марки за 5-годишен договор според кој големото лого би стоело на предната страна од дресот. Но тоа испровоцирало сериозен проблем со локалните фудбалски власти: Германскиот фудбалски сојуз забранил реклама за алкохол и не го пуштал Ајнтрахт да ги носи дресовите на првенствени средби.

Ајнтрахт тогаш досетливо го ставил својот грб/амблем над логото на алкохолната компанија. Со таков дрес екипата првпат се појавила на терен на 23. март 1973. година, а официјална забрана од Бундеслигата добиле после 7 месеци.

За 40 години постоење, лигата радикално го сменила односот кон рекламите за алкохол. Канадскиот Carling станал првото пиво во историјата на англиската Премиер лига и дури бил негов главен спонзор од 1993 до 2001 година, а до 2014-та ја спонзорирал уште и шкотската лига.

Heineken веќе 23 години тесно соработува со УЕФА и од 2005. година асоцира на Лигата на шампионите: Договорот со најголемиот фудбалски турнир на светот ја чини компанијата астрономски 70 милиони долари годишно!

Притоа Heineken во принцип не работи со клубови - овој пивски гигант од 1994. година ја поддржува само репрезентацијата на родната земја Холандија.

Така дејствува и американскиот Budweiser којшто го спонзорира Светското првенство од 1986 година. Компанијата на ФИФА и плаќа од 10 до 25 милиони долари годишно и заеднички притисок на клиенти: за еден месец колку што траеше Мундијалот во Бразил (и секој друг Мундијал) продажбата на Budweiser во цел свет се зголемила за 35%.

„Ако сакате за една вечер да ја зголемите популарноста на брендот во неколку земји, нема ништо попросто и поефективно од лого/амблем на фудбалски дрес. Тоа е најрентабилен билборд кој може да го купите“, објаснува Руперт Прат, директор на консалтинг фирмата Mongoose Sports and Entertainment.

За последните осум години ова спонзорство се зголемило за 3 пати: во 2010-та англиските клубови од премиер лигата заработиле 100 милиони фунти од реклами на дресовите, а во 2017-та 282 милиони!

АНГЛИЈА: ОД ДОМИНАЦИЈА НА АЛКОХОЛНИ РЕКЛАМИ ДО САМОЦЕНЗУРА НА ПИВСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Во Англија да се пие алкохол на трибини е забрането само на фудбал. Вие може да му се насладувате на пивото на рагби меч или да си купите шампањ на терените на Вимблдон или крикет, но на фудбалските стадиони пред секој сектор ќе ве пречека табла: „Никаков алкохол“.

Продажбата на пива е забранета но многу ја користат „дупката“ што смеат да се внесуваат пластични чаши на стадион, па така на финта еднаш пиво внел сопственикот на Њукасл Мајк Ешли кого камерата го уловила како ексира пиво на мечот против Арсенал.

Chang и Евертон

Сезонава во англиската премиер лига нема ниту еден алкохолен спонзор. Последно пиво кое со логото се рекламирало на дрес било во Евертон којшто сега стои букмејкерската компанија SportPesa.

Од 2004 година клубот од Ливерпул играше во дресови на кои стоеше логото на пивото Chang beer. Со него на градите трчаа Тим Кејхил, Фил Невил, Мики Артера, Маруан Фелаини и Ромелу Лукаку.

Главниот резултат на партнерството не било само логото на дресовите туку и клупската маскота по име Chang, а во селото Чанг на Тајланд коешто било зафатено од цунами во Индискиот океан во декември 2004 има база навивачи на Евертон.

Англискиот клуб прв од сите премиерлигаши собрал средства за настраданите (и тоа два дена после страшното цунами) и заедно со пивската компанија собрал 135.000 фунти.

Со тие средства обновиле околу 50 домови, фудбалски терени и научни лаборатории во месните школи.

Carlsberg и Ливерпул

Еден од најпопуларните клубови на светот со данското пиво соработува веќе 25 години. Јубилејот го прославиле многу оригинално: Carlsberg пуштил ексклузивно пиво (хмељот и јачменот ги правеле во специјална лабораторија на „Енфилд“ а пивото го маркирале со You''ll Never Walk Alone).

Newcastle Brown Ale и «Ньюкасл Юнайтед»

Интересно е што ретко кој англиски производител на пиво поддржувал екипа од својот град. Единствено долго време пиварата Њукасл која темно варела пиво од 192-та година, решила од 1980-та до 2000-та да се рекламира преку дресот на фудбалскиот клуб Њукасл.

Пивото во Англија од дамнешни времиња е поврзано со работничката класа која живеела за фудбалот.

Сината ѕвезда на дресот на Њукасл асоцира на најголемите достигнувања на овој клуб: Во 19990-те „гавраните“ два пати завршуваа втори во првенството и два пати играа во финалето на ФА Купот со овој спонзор на дресовите.

Во 2016-тљ година е зборуваше дека легендарната пивара пак ќе се врати на дресовите на Њукасл чијшто генерален спонзор извесно време е просечна букмејкерска фирма, а колекционерите уште чуваат стаклени шишиња од носталгичното пиво од 2006-та со ликот на Алан Ширер.

Германија и празнувањето титула со пиво

Англиските клубови можеби се пионери со рекламирање пивски брендови на дресовите, но германските не заостануваат нималку.

Хамбург го спонзорира комшиската пивара Holsten Brewery (од стадионот до пиварата има помалку од 7 километри), Штутгарт го спонзорираше Dinkel Acker (6 километри), а Борусија Менхенгладбах Bolten-Brauerei (12 километри до стадионот).

Најголема и главна традиција во германскиот фудбал е полевањето со пиво после освоен трофеј. Но тоа не е се. Многу пиварници пуштаат во промет шишиња и лименки со специјални етикети од омилените клубови.

Баварија и Paulaner

Најпродавано пиво во Германија која важи за пивска нација е Баварија: таа прво ги монополизирала пивските прослави на шампионските паради (Бундеслига и Куп), а потоа доминирала на Октоберфест.

На најголемиот светски пивски фестивал можат да учествуваат само минхенските пивари. Тие се распростануваат на специјален плоштад во центарот на градот (на 8,5 илјади места внатре и 2,5 илјади места надвор) и го слават Paulaner како официјално пиво на Баварија.

Фудбалерите и тренерите во традиционални костими одат таму секоја година.

КАКО Е ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ?

Освен во Англија и Германија, пивото нема голем дел од фудбалската култура во другите европски земји.

Во Франција производителите на алкохол не можат да спонзорираат спортски клубови и лиги уште од 1991. година. Дури и главниот рагби турнир Heineken Cup француските гледачи го знаат како H Cup.

Во Италија од алкохолни реклами се штитат децата: рекламите за алкохол може да се појавуваат вкупно 15 минути до и после детските програми и тоа само од 4 до 7 навечер на телевизија и на радио.

ТРИ НАЈОРИГИНАЛНИ РЕКЛАМНИ КАМПАЊИ НА ПИВСКИ БРЕНДОВИ

Викторија Плзен потпишала договор со компанијата Gambrinus и пред почетокот на сезоната 2017/2018 на стадионот на лидерот во чешкиот фудбал направила соблекувални во вид на пивска лименка.

Шпанската репрезентација и Cruzcampo

Cruzcampo е најголемиот производител на пиво во Шпанија и е дел од корпорацијата Heineken. Овој гигант соработува со шпанската репрезентација од 2007 година и спрема рекламни акции со шпанските репрезентативци пред секој голем фудбалски турнир.

За Светското првенство 2014 тие произвеле 10 милиони лименки со портрети на репрезентативците.

Маестрална кампања Cruzcampo направил после Европското 2012 кога за шампионите на Европа спремиле пакети пива според нивната висина: На пример Жорди Алба добил 67 литри пиво, а Чаби Алосно 84 литри.

Луго и Estrella Galicia

Најнеобичен дрес за сезоната 2013/2014 имаше во шпанската сегунда. Клубот Луго од Галиција за генерален спонзор го имал брендот Estrella Galicia па дизајнот бил чуден: