Жешкото миланско дерби на кое тешко беше да се биде Дида

Градското дерби меѓу Милан и Интер до толку има тежина, што Гатузо рече дека вечерва ќе биде важно како мундијалско финале. Ќе се потсетиме на едно неодамнешно со скроз неочекуван однос на навивачите на кое тренерот на Милан тогаш беше меѓу играчите и им рече дека се луди.

И тоа миланско дерби се одигра во четвртфиналната фаза, но не во Купот на Италија, туку во Лигата на шампионите, доволен доказ за тоа на кое ниво беа тогаш овие две екипи.

Составите им беа боли глава. Нема навивач на Милан или Интер кој не го посакува тоа време.

ИНТЕР: Толдо, Хавиер Занети, Кордоба, Матераци, Фавали, Кристијано Занети, Камбјасо, Ван дер Мејде, Верон, Кили Гонзалес. Резерви: Михајловиќ, Круз, Мартинс, Карини, Зе Марија, Карагунис. Тренер: Роберто Манчини.

МИЛАН: Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Амброзини, Пирло, Сидорф, Кака, Креспо, Шевченко. Резерви: Абијати, Руи Коста, Каладзе, Томасон, Панкаро, Сержињо, Броки. Тренер: Карло Анчелоти.

Читаш и сфаќаш дека тоа беа шампионските состави на големите ривали кои сега никако не можаш да си го пронајдат својот идентитет.

И покрај спектакуларните имиња во составите, за ова европско дерби не се зборуваше за фудбал. Причината за тоа беа навивачите на Интер кои поради еден поништен гол на Камбјасо, бесот го истурија со фрлање бакљи на терен.

Во хаосот настрада Дида на кој му го потпекоа рамото. Бразилскиот голман беше шокиран и остана во соблекувална, а по прекинот од 30 минути на негово место влезе Абијати. Навивачите на Интер продолжија да го гаѓаат и него по што судијата Маркус Мерк реши да го прекине мечот на кој Милан имаше водство од 1:0.

Ваков инцидент во Лига на шампиони не бил забележан претходно и УЕФА реши да му додели службена победа на Милан од 3:0. Првиот дуел Росонерите го добија со 2:0.

Токму од ова дерби произлезе легендарната фотка со Матераци и Руи Коста

27 декември 2017 - 16:37