Проблематичните браќа на Меси и Кристијано Роналдо

Просто неверојатно идентични судбини на најдобрите фудбалери на светот со нивните браќа. И двајцата имаат страшно незгодни браќа кои прават проблеми каде стигнат а кои да докажат дека се послушни во „слободно време“ работат во музеите на ѕвездите.

Лионел Меси сака да живее спокоен живот. Неговиот дом е во елитната населба Кастелдефелс којшто го нарекуваат каталонски Мајами. Лео често оди да се шиша во локалната бербернеица, сака да пие кафе Fosbury на каталонските плажи или да руча во аргентинскиот бар Ushuaia.

Неговиот брат Матиас е чиста спротивност и сака поинаков живот. Матиас останал во Росарио - градот на потомците на имигрантите, дувло на секакви престапници и криминалци. Неодамна во овој град шефот на полицијата го обвиниле и осудиле за трговија со наркотици. Росарио тотално одговарал на темпераментот на Матиас - тој е бунтовник.

На 8.000 километри од Росарио, во градот Фуншал, на живописниот португалски остров Мадеира живее брат му на Кристијано Роналдо, Уго Авеиро.

Додека Кристијано собирал „Златни топки“ и „Златни копачки“, Уго поминувал низ наркоманија и алкохолизам.

Судбината на Матиас и Уго е иста: безбеден живот и топол однос со ѕвездените браќа и необјаснета љубов кон родниот крај. И двајцата долго време се бореле со опасни престапи: од наркоманија до лесни дела. И двајцата одбиле да живеат луксузен живот во Шпанија - наместо тоа незгодните Уго и Матиас никогаш не го напуштиле родниот кварт и секогаш биле подложни на искушенија.

***

Бетонскиот дом со три соби, во кој се родил Кристијано веќе го нема. Во 2007-ма во градчето Фуншал на адресата Кинто до Фалкан 27А ја срушиле старата куќа затоа што почнале да се собираат скитници. На 5. февруари 1985 година во таа куќа го донеле новородениот Роналдо. Мајка му го крстила Роналдо во чест на Роналд Реган а малиот Кристијано станал четврто дете во семејството на Марија Долореш и Диниш Авеиро.

Кога се родил Кристијано, неговиот брат Уго Авеиро имал 10 години. Учел во школо, трчал по топката во дворот и рано западнал во лошо друштво. На 16 години го баталил школото и почнал да работи: прво во фабрика за алуминиум, а потоа во тим молери од 15 души.

По работно време трошел пари во локалниот бар и продолжил да се дружи со лошо друштво. На 24 години се навлекол на тешки дроги, мајка му го спасила и го пратила на клиника. Семејството немало пари: тогаш 14-годишниот Роналдо заработувал 300 долари месечно, мама Долореш работела како готвачка и чистачка, но земала ситни пари како и мажот и Диниш.

Западнала во долгови - земала кредит, а на крај од рехабилатициониот центар во Мадеира Уго изглегол чист. 

Во 2001-ва Уго пак се вратил на тешки дроги но не за долго - овојпат Кристијано на свои 16 години заработувал прилично многу и платил за лекување на брат му.

***

Истовремено, во 2001-ва година семејството Меси се селело во Барселона од депресивниот и сив Росарио - малиот Лионел почнувал фудбалска кариера. Во Аргентина во тој период започнала социјално-економска катастрофа, пад на финансискиот систем, инфлација на аргентинскиот пезос. Можноста да отидат во процветан мегаполис за фамилијата Меси била бајка.

Но не баш сите членови се навикнале на новото место. Помалата сестра Марија-Сол ја исмевале во школо поради акцентот. Матиас и Родриго (уште еден брат на Лео - многу помирен од Матиас) тагувале по своите другари во Росарио.

За летниот распуст сите се враќале во Росарио а тогаш им истекнала варијанта мајка Селија, малечката Марија Сол и постарите деца да останат во Аргентина. 14-годишниот Лео не сакал да слушне за враќање дома, пред него била голема кариера. Со татко му Хорхе останале во Барселона, и така, после 5 месеци семејството Меси се разделило. Едни во Аргентина други во Шпанија.

Во детството Матиас сонувал да стане фудбалер, но кренал раце кога стигнал до младинци и го избркале од академијата на Њуелс Олд Бојс. Не бил доволно талентиран.

Кога се вратил во татковината тешко го надминал пубертетот. Неговиот постар брат Родриго исто завршил со фудбалот (поради повреда) и решил да стане кулинар - сега готви за Лео кој му отворил ресторан во Барселона. Марија Сол се вљубила во театарот. А Матиас после фудбалот не нашол никаква занимација и занает. Не се запишал на факултет, а не ни морал да работи, зошто Лионел секогаш му помагал со пари.

Тогаш се чинело дека Матиас е среќен и живее добро.

***

Во 2005. во семејството на Кристијано Роналдо се случило најлошото - починал татко му. Причината била болест на црниот дрб предизвикана од алкохолозимот за што Роналдо подоцна раскажуваше во интервју за The Sun.

Животот на татко му бил тежок. Тој бил дружељубив човек кој сакал да се напие и секоја вечер седнувал во таверна кога неговиот сакан клуб Андориња победувал. Но во документарниот филм на Ентони Вонк „Роналдо“, портретот на татко му на Кристијано е опишан во лошиот однос со жена му.

Но мајка му на Кристијано во документарниот филм раскажува дека татко му го обожавал Кристијано. Таа вели дека мажот и никогаш не кренал рака на Кристијано и дека секогаш биле заедно. Роналдо секогаш сакал да биде со татко му.

Кога Насионал потпишал договор со талентираниот Роналдо, татко му седел во клупскиот автобус напред на совозачкото седиште. Читал весник и сечел статии за Роналдо за својата колекција.

Практично во секое слободно време Диниш го поминувал со малиот и многу малку се интересирал за животот на Уго. Кога му била потребна поддршка, најстариот син не ја добивал. Татко Диниш бил алкохоличар и тоа Уго го земал како основа.

***

Ништо подобар не бил ниту Матиас Меси. Тој чувствувал вина пред Лео што заедно со мајка му од Шпанија се вратил во Росарио: „Кога се вратив, а брат ми остана таму сам, имав чувство како да сум го оставил“. Матиас бил суеверен и мислел дека му носи малер на брат му.

Се обвинувал себеси и за повредите на Лионел: во март 2006-та година во реванш мечот од Лига на шампиони против Челси Меси доживеа потешка повреда и паузираше цели 15 недели.

„Дента не седев на своето вообичаено место. Обично секогаш седам десно од Родриго, а дента седев од лево. Јас сум крив“, им рекол Матиас на аргентинските новинари. 

Во ноември истата година Меси на меч против Сарагоса го скршил малиот прст и паузирал до крајот на годината. За време на опоравувањето отишол во родниот Росарио. Еден ден отишол со Матиас во бар, а еден од посетителите му се пуштил на Лео и настанала голема тепачка.

Се кршеле шишиња, а газдата на кафулето го обвинил Лионел за се и го дал на суд. Матиас одново се чувствувал виновен. После неколку рочишта судот ја одбил тужбата на сопственикот поради недостиг на прави докази против обвинетиот.

Во 2008-ма полицијата го привела Матиас поради незаконско поседување оружје. Одел по улици со револвер на појасот и патрони. Кога дошле полицајците во протоколот било напишано: „Матиас Меси се криви себеси што неговиот брат играше лошо синоќа и што татко му е болен“.

После таа историја, Матиас се појавил на насловната страна на реномираниот градски весник „Ла Капитал де Росарио“. Следниот ден татко му му се јавил на новинарот и му закажал средба во некој бар. Хорхе бил многу растроен, но не бил лош човек. Побарал од новинарот да му даде подробни материјали за да може и самиот да го криви син му или да ја демантира приказната.

Ноќта на 10. април 2011 година Лионел постигна два гола против Алмерија. Дента на друг крај од планетата двајца непознати дечки на мотор пукале во домот на Матиас - четири куршуми завршиле во неговата куќа а два во гаражата. Никој не настрадал за среќа.

Тој настан стигнал до медиумите после два дена а еден пензионер кој живеел во соседството рекол дека Матиас е многу проблематичен дечко: „За 50 години колку што живеам во населбава такво нешто немало“.

Самиот Матиас не дал никакви коментари а изјава не дал ниту во полиција - па причините и мотивите за инцидентот останале мистерија.

***

Во 2013 година Уго Авеир завршил со наркотиците, но се фатил за чашката. Роналдо решил да му помогне на брат му и му предложил - ако Кристијано освои Лига на шампиони ќе му ја посвети нему, а овој за возврат да престане да пие.

Во 2014-та се случи тоа. Во легендарното португалско финале Реал го победи Атлетико со тешки маки после голот на Серхио Рамос со глава во 94’ минута за продолженија па триумфираа во дополнително време.

Самиот Кристијано после судиската свирка се загледал на трибините а во први редови седел брат му. Кристијано му го дал својот дрес и го земал на теренот на „Естадио да Луж“. Браќата долго време за гушкаа, а Роналдо неодамна изјави дека брат му ја победил зависноста.

***

Новинарите на неколку години заборавија на браќата на Лео Меси и Кристијано Роналдо. Затишјето пред бура го прекинал нов настан со Матиас. Него го затекнале во друштво на многу опасни луѓе од Росарио, некои од нив биле поврзани со локалната бандитска група која што ја обвинувале за многу убиства и трговија со наркотици.

Во октомври 2015-та Матиас пак го срамел Лионел. Возел по Росарио бесно со своето Audi A5 додека не го сопрела полиција. Му го проверувале возилото и му нашле нерегистриран пиштол. Во септември 2016-та Матиас го осудиле за незаконско поседување оруже. Бил казнетусловно и морал по четири часа неделно да предава фудбал во клупскиот систем на Росарио.

Освен тоа морал да се воздржува од алкохол и наркотици и да плати казна од 8.000 пезоси (530 долари).

Во есента 2017-та, Матиас бил обвинет за напад на девојка, а подоцна и за улична тепачка. На 30 ноември годинава шпански AS напишал:

„Брат му на Меси е уапсен откако на крвавиот глисер му откриле пиштол“.

Матиас имал глисер и бил член на риболовен клуб во аргентинскиот град Фигиера. Глисерот бил искршен а тој бил во крв. Негов другар кажал дека глисерот толку многу се кренал на бранови поради што Матиас се удрил со глава. Дошла и полиција која нашла многу крв и пиштол.

Судијата Хозе Луис Катерина издал наредба за претсрес на домот на брат му на Меси но Матиас не го нашле на домашна адреса. Тогаш судијата наложил негово задржување.

Матиас завршил во болница во Росарио:

„Докторите потврдиле дека е во свесна состојба, дека е стабилен, може да зборува и оди“, рекол главниот лекар за Todo Noticias.

После неколку дена Матиас го затвориле во домашен притвор. Според шпански AS, на 19. декември за негова слобда биле платени 100.000 евра. На Матиас му се заканува затворска казна од 3,5 до 8 години поради незаконско чување оружје.

***

Ниту Матиас, ниту Уго не сакаат јавност и слава. Леонардо Фачо, авторот на книгата за Меси отишол во Росарио и се нашол со Матиас: „Зошто тебе никогаш не те даваат на телевизија и ти никогаш не се сликаш? Матиас одговорил: „Не ми се допаѓа тоа затоа што е опасно. Може да ме киднапираат и се може да се случи“.

Уго, братот на Роналдо уште повеќе бега од контакт со новинари. Тој живее со семејството во Мадеира. После работен ден во музејот на Роналдо, Уго оди во родната населба каде се држи со стариот пријател Сантош Антонио.

***

Велат дека Матиас и Уго немале внимание од родителите.

Хорхе Меси до ден денес жалел што го разделил семејството кога децата биле помали. Признава дека кога би го вратил времето одново никогаш не би дозволил третото дете и Селиа да се вратат во Аргентина.

Но во семејството Меси сите буквално биле фокусирани на Лионел. Можеби поради тоа Матиас немал многу самодоверба и не можел да се пронајде себеси.

Ситуацијата кај фамилијата Авеиро била уште потешка. Во документарецот за Кристијано Уго на кратко ги раскажал своите проблеми со алкохолот и дрогата. Рекол дека зависноста му се јавила со текот на времето кога во семејството имале алкохоличар. А уште и локалното друштво од кои многу од млади пијат и се дрогираат.

Диниш го обожавал Роналдо и не му посветувал внимание на другиот, постар син. А наставниците често го опоменувале да обрне внимание на Уго. 

И покрај тоа, Лионел секогаш топло го гушка својот постар брат кога се враќа во Аргентина. Од сите најблизок му е Матиас според кого го крстил првиот син а на левата рака на Матиас е истетовиран портретот на ѕвездата на Барселона. Во својот дом во Росарио Матиас отворил музеј посветен на Лионел Меси.

Уго Авеиро е сопственик на музејот за Роналдо на Мадеира. Кристијано најмногу бил близок со синот на Уго кој го гледал како свое дете.