Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.
Актуелниот шампион на НБА му приреди сензационален пресврт на Голден Стејт Вориорс на гости, кој го загуби мечот после водство во последната четвртина од дури 18 поени разлика.
Далас Маверикс и по трет пат сезонава го совладаа Портланд Трејл Блејзерс, овојпат 126:97 а лидер во триумфот секако беше најдобриот кошаркар на Мавси.
На 30-ти декември се одигра големото шкотско дерби меѓу Селтик и Ренџерс. Победија зелено-белите 2-1 во жесток дуел во кој стрелец беше и еден од многуте Јапонци во тимот, Киого Фурунаши. Синоќа Селтик играше пак, против Сент Мирен на гости и победи 0-3 а првиот погодок на мечот уште во 54’ секунда беше дело на Јапонецот Маеда.
На 30 декември, Нетфликс го објави документарецот за Мундијалот во Катар, направен во шест епизоди. Мислевме дека сè сме виделе од тоа аргентинската бараба, која ги спаси своите со ненормална одбрана во 123-та минута, ама овој детал го немаше во преносот.
Словенецот Анже Ланишек го забележа најдобриот резултат во квалификациите во Инсбрук, третата станица од новогодишната традиционална турнеа „Четири скокалници“.
Новак Ѓоковиќ го збриша Јиржи Лехечка со 3:0 (6-1, 6-7, 6-1) и со тоа го израмни резултатот против Чешка на Јунајтед купот во Перт на 1:1. Погледнете го поенот на човекот за кој не постои прасечко и руска. Накај 37 години се ближи.
Не е ниту Реал, ниту Барса, ниту Баерн или Јуве, туку Бенфика. Оваа екипа годинава стана шампион во Португалија со само 4 порази, а сега држат прво место со 12 победи 2 нерешени и 1 пораз. Годинава е дефинитивно нивна. Ист број на победи со нив има само Барселона, но со повеќе одиграни натпревари.
Н’Голо Канте` е супер интересно име за статистичарите кои од ден на ден вадат се поинтересни бројки за него. Откако фудбалерот од Мали игра во Премиер лигата освои повеќе бодови од сите екипи.
Суспензијата од три кола за главниот играч на Лестер го разлути газдата на клубот кој со поддршка на целата публика и самиот играч реши да протестира на Боксинг деј на интересен начин.
Најдобриот голман во историјата на Мексико модата од плажите на Акапулко ја пренесе на теренот и носеше психоделични дресови кои ги заслепуваа напаѓачите. Подоцна вакви дресови облекуваа Симан, Ван дер сар, Чилаверт, Борислав Михајлов...
Иако не се сложуваме со сè што е напишано бидејќи е некако многу лично, сепак ќе ви пренесеме од збор до збор. Серија А се разбира дека не е само Јуве, но тоа е клуб кој е поим за апсолутна доминација. Со триумфот против Рома станаа рекордери во последните 11 сезони по број на бодови и тоа ги немаше една сезона во прва лига.
Познато е дека во македонски фудбал во втора, трета па се до најниските лиги обично победува домаќинот, бидејќи во спротивно ќе падне ќотек. Слична таква приказна ни доаѓа од Португалија каде клуб со агресивни фаули сее страв и противниците ги откажуваат дуелите.
Кога ќе кажете италијанското е тапа, не мора баш со толку тешки квалификации. Можеби квалитетот е паднат за разлика од порано, но Серија А си има смој шмек. Италијанското не е само Јувентус, Милан или Интер, туку има и други екипи кои играат убав и отворен фудбал. Синоќа Фиорентина - Наполи 3:3 со 3 убави голови за издвојување.
На 35 години Герет Бери го одигра 610-от меч во Премиер лигата и го надмина Френк Лампард по бројот на настапи во англиското првенство. Следен предизвик му е Рајан Гигс со 632 настапи на вечната листа.
Иако синоќешното реми против Аугзбург е разочарување за навивачите на Борусија Дортмунд, сепак тоа донесе еден голем историски ден за клубот. Никој не успеа да освои три бода оваа календарска година во Дортмунд.
Тезата дека за силна репрезентација потребна е квалитетна лига во Англија не важи. Англичаните го измислија фудбалот, а освоија само едно Светско првенство и ниту едно Европско. Тоа што го остварија пак нивните стратези во меѓународни рамки од 87-ма до сега е уште поголем срам.
Во својата биографија Бобо Виери раскажува како ја пцуел жена му на Морати без да знае која е, колку пари изгубил на покер со Роналдо, за интимите со најубавите манекенки во Италија и за Ферарито кое му го купил контроверзниот Хесус Хил од Атлетико Мадрид.
Последен пат кога овие две екипи се сретнаа во Бундеслигата, Томас Милер го постигна еден од најубавите голови во кариерата. Инаку нивниот дуел се игра во недела 15:30.
На Светското клупско првенство кое во моментов се игра во Јапонија, на мечот Атлетико Национал - Кашима, унгарскиот судија Виктор Кашаи реши да прегледа забавена видео снимка од еден дуел и да досуди пенал врз основа на виденото. Ова е историски момент и првпат на официјален меч се користи забавена видео снимка.
Минатата недела браќата Нико и Роберт Ковач ги продолжија договорите со Ајнтрахт Франкфурт до 2019. година. Не дозволија „орлите“ да испаднат лани од Бундеслига, а сега хрватските специјалисти го носат тимот во зоната на евро-куповите.