Нова ѕверска партија на Дончиќ, уфрли 30 уште до полувреме

Далас Маверикс и по трет пат сезонава го совладаа Портланд Трејл Блејзерс, овојпат 126:97 а лидер во триумфот секако беше најдобриот кошаркар на Мавси.

Лука Дончиќ во победата на Далас уфрли дури 41 поен од кои неверојатни 30 уште во првиот дел а 40 поени за три четвртини. Лука уште на загревање покажа дека е расположен за игра па имаше атрактивно забивање од табла:

Капитенот на Словенија уфрли четири тројки од седум обиди а од игра броеше 13/21. Запиша уште и шест скока и пет асистенции. Огромна поддршка му беше и повратникот Кајри Ирвинг кој даде 29 поени со шест скока и пет асистенции и Тим Хардавеј со 14 поени.

Кај Портланд се истакнаа Шејдон Шарп со 16 поени и Анферни Симонс со 15 поени. Далас сега има 25 победи и 10 порази а Портланд е претпоследен на Западот со 9 триумфи и дури 24 порази.

 

Standings provided by Sofascore
4 јануари 2024 - 08:59