Анже Ланишек во понеделникот блескаше во германскиот Гармиш-Партенкирхен, а сега формата ја потврди и во Австрија. Во квалификациите во Инсбрук беше неприкосновен со скок од 134 метри и освои 130,1 бод.
Штефан Крафт беше на второ место со 9,5 метри пократок скок од Анже Ланишек и освои 127,1 бод. Трет заврши Јапонецот Ријоу Кобајаши со скок од 129 метри и освоени 122,2 бода.
Натпреварувањето во Инсбрук е закажано за среда од 13:30 часот. По првите две скокалници во Оберстодрф и Гармиш-Партенкирхен во генералниот пласман води Германецот Андреас Велингер со 600,7 бода пред Јапонецот Кобајаши (598,9) и Штефан Крфт кој има 575,5 поени.
Новогодишниот спектакл после Инсбрук оди во Бишофсховен каде ќе има скијачки скокови на 6-ти јануари.
𝐓𝐡𝐞𝐫𝐞 𝐰𝐞 𝐠𝐨!
— Eurosport (@eurosport) January 2, 2024
Anze Lanisek qualifies in Innsbruck with a leading jump of 1️⃣3️⃣4️⃣m 🔥#FourHills pic.twitter.com/2msQ0FExRr
Традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“ официјално започна во четвртокот со квалификации во Оберсдорф. Најдобар резултат во квалификациите имаше Германецот Андреас Велингер кој скокна 135 метри (151,4 бодови).
Втор во Оберсдорф беше неговиот сонародник Карл Гајгер кој скокна 134 метри а трет заврши Словенецот Петер Превц со најдолг скок од 138 метри но со освоени 150,2 бода за техникалиите.