За францускиот репрезентативец роден во Мали прво извадија статистика дека е играч со најголем процент на победи во конкуренција на играчи со минимум 50 настапи во Премиер лигата, а тоа изнесува 68,5%.
Се му пресметаа уште еден импресивен податок, а тоа е дека со скор од 37 победи, 12 нерешени и 5 порази, тој е поуспешен и од Арсенал екипа со најмногу освоени бодови откако Канте е дел од Премиер лигата.
Канте има порази само од две екипи, тоа се Арсенал од кој загуби 2:5, 2:1 и 3:0 и Ливерпул 1:0 и 1:2. Сите други 17 екипи не успеале да го поразат.
Дека беше главна алка во играта на Лестер докажува фактот што во ланската шампионска година беше број 1 по број на украдени топки и лизгачки стартови, а оваа сезона е незаменлив во формацијата 3-4-3 на Конте која стигна до рекордни 12 победи по ред.
Поранешниот голман на Лестер и Челси, Марк Шварцер за него изјави:
„Канте е неверојатен играч со неверојатна моторика. Минатата сезона беше на врвот на сите статистики и работи на терен за двајца. Toj не е играч кој постигнува голови, но тој победува за другите во тимот и работи повеќе за другите отколку напаѓачите кои се суперѕвезди“.