Џејми Варди доби црвен картон на мечот против Стоук одигран на 17 декември и три кола суспензија. Откако жалбата за висината на суспензијата не помина кај ФА, сопственикот на Лестер, Вишаи Шриваданапрабха изјави дека одлуката не е фер.
Во знак на протест клубот за денешното празнично коло на Боксинг деј испечати 30.000 маски со ликот на Варди за да го искаже своето незадоволство од одлуката.
Освен дуелот со Евертон, Варди ќе отсуствува и од дуелите против Вест Хем и Мидлсброу, но ќе биде во комбинација за третото коло од ФА купот против Евертон на гости на 7 јануари.
Актуелниот првак на Премиер лигата по 17 кола има само мизерни 4 победи и е на 3 бода до зоната за испаѓање.
Со маска од Џејми Варди на трибините на стадионот Кинг Пауер се појави и Џејми Варди.