Сјајната атмосфера на вечното дерби во режија на Делиите

Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.

Пред натпреварот навивачите на Црвена звезда соопштија дека организираат кореографија со црвени маици или блузони во горниот прстен од Арена и бели на долниот прстен:

Црвена звезда водеше од почеток до крај на мечот и најчесто убедливо со 15 и 20 поени предност. Црвено-белите на крајот имаа повеќе двоцифрени кошаркари па така Немања Недовиќ со 16 поени, еден скок и три асистенции беше најефикасен.

Литванецот Рокас Гедраитис додаде 14 поени, 7 скока и 1 асистенција а блескаше и новиот центар Фреди Гилеспи со 14 поени, 5 скока и 1 асистенција 

Милош Теодосиќ уфрли 13 поени со дури 7 асистенции и 2 скока, Адам Ханга погоди 11 поени со 3 скока и 2 асистенции а Бразилецот Јаго Матеус уфрли 10 поени со 2 скока и три асистенции.

Кај Партизан кој играше без еден од водечките играчи Зак Ледеј, капитенот Кевин Пантер имаше 17 поени со една асистенција, Пи-Џеј Дозиер додаде 12 поени со 2 скока и три асистенции, Џејмс Нанели броеше до 11 поени со четири скока и три асистенци а центарот Франк Камински запиша 11 поени и само два скока.

 

5 јануари 2024 - 09:07