На 17 септември 2016. година пред крајот на мечот меѓу Евертон и Мидлзброу „Гудисон Парк“ наеднаш заурла на цел глас и неочекувано загрмеа аплаузи.
Тоа беше реакција на бројот 18 којшто помошниот судија го крена како знак за фудбалерот кој излегува од игра. Навивачите на Евертон го поздравија Герет Бери кој славеше јубилеј - 600-ти настап во Премиер лигата. Бери стана трет играч во историјата со ваков подвиг. Ветеранот одигра 90 минути, даде убав гол и докажа дека има уште што да каже.
Минатата недела „Карамелите“ објавија дека го продолжиле договорот со Бери до крајот на сезоната 2017/2018. „Играчи како Лејтон Бејнс и Герет Бери се лидери во соблекувалната и на теренот. За младите играчи тие се како наставници“, рече во таа прилика тренерот на Евертон, Роналд Куман.
Од тогаш досега, Бери не само што успеа да го надмине Лампард на вечната листа, туку и влезе во Гинисовата книга на рекорди. За 18 полни години, Герет Бери само еднаш одиграл помалку од 30 меча во сезона и тоа се случило пред 15 години.
Се чини дека кариерата на Бери помина незабележително. Тој никогаш не беше сметан за ѕвезда, никогаш не беше на насловните страни на таблоидите, никогаш не правел ексцентрични скандали и даваше голови на големи празници.
Но Бери секогаш е тука присутен, меѓу главните лица и потребно е само одблизу да го забележите.
На пример на мечот Њукасл - Астон Вила во 2005. година се случи фамозната тепачка меѓу двајцата соиграчи од Њукасл, Кирон Дајер и Ли Боер кој на сред терен се удираа со тупаници. Знаете ли кој притрча прв да ги одвои? Нормално, Герет Бери кој не беше должен да реагира додека нивните соиграчи стојат од страна.
Или во март 2016-та на дуелот Евертон - Челси кога „Карамелите“ водеа 2:0 на 10 минути пред крајот. Напаѓачот на Челси Диего Коста тогаш намерно го удри Бери по лице и доби жолт картон. Само неколку минути подоцна по еден старт на Бери, Коста стана и го гризна Герет за вратот, но Англичанецот мирно реагираше по што Шпанецот сфати дека згреши и пријателски го гушна, но вториот жолт не му избега.
Дискретниот херој Бери првпат заиграл во Премиер лигата во пролетта 1998 година само три месеци по својот 17-ти роденден. Израснал и се калел во младинците на Брајтон а потоа го забележале скаутите на Астон Вила. Интерес за Герет покажале и Арсенал и Челси, но родителите сакале да го пратат синот во Бирмингем, а не во големиот и хаотичен Лондон каде би можел да потпадне во искушение на пороците.
Левоногиот Бери брзо станал клучен играч на Астон Вила чијшто симбол беше повеќе од 10 години. Веќе на 19 години Бери ја изнесувал екипата на терен со капитенската лента. Со времето станал универзалец: играч од средината со голем дијапазон на игра кој може да ги покрива сите позиции.
Во 2000-та Гери првпат го викнале во репрезентацијата на Англија. Селекторот Кевин Киган го повикал за Европското првенство кое Бери го гледаше од клупата. Неговите постари соиграчи неуспешно играа во „групата на смртта“ против Германија, Португалија и Романија. Малку ги утеши тоа што шампионот Германија завршија последни во групата.
Герет немаше среќа во „Гордиот Албион“ затоа што судбината сакала да игра во време на Стивен Џерард и Френк Лампард кои беше невозможно да ги истисне од составот. Освен тоа конкуренција му беа и страшниот талент Џо Кол како и Овен Харгрејвс од Јунајтед.
Конкурентите за место играа во топ екипи: Лампард и Кол за Челси, Џерард за Ливерпул, Харгрејвс беше носител во Баерн Минхен, а Бери играше за Вила чии славни денови беа изброени. Тимот од година во година стрмоглаво паѓаше во Премиер лигата: Од 8-мо место паднаа на 16-то.
Веќе во 2008-ма беше неизбежно Герет Бери да смени клуб. За „Лавовите“ од Бирмингем одигра преку 400 меча и на 26 години стана најмладиот фудбалер кој ја прескокнал бројката од 300 меча во Премиер. Бери сонуваше за Лига на шампиони а клубот немаше шанса да му овозможи такво нешто иако Бери во сезоната 2006/2007 беше прогласен за играч на годината.
Најзагреан за него беше Ливерпул а главен иницијатор на неговиот трансфер беше тренерот на „Црвените“ Рафаел Бенитез којшто побарал од шефоците Том Хикс и Џорџ Жилет 18 милиони фунти за Герет. Иако играчот не ја криел желбата дека сака да прејде во Ливерпул, управата на Вила со тренерот Мартин О’Нил не сакале да го продадат капитенот.
На почетокот Вила ги одбивала нападите на Ливерпул, времето истекувало и тимот од „Енфилд“ не ги собрал навреме потребните документи за трансфер.
Кога дознал за ова Бери јавно го искажа своето незадоволство истовремено го критикуваше тренерот О’Нил поради што го суспендираа, го отстранија од тимот и му ја одземаа капитенската лента.
Бери како така, одигра уште една сезона за Вила после што премина во Манчестер Сити за 12 милиони фунти. Герет со проштално писмо се поздрави со навивачите на Астон Вила.
Во Сити го доби тоа што го сакаше: На крај дебитираше во Лига на шампионите, го освои ФА Купот а потоа и Премиер лигата. Освен тоа во 2010-та година му ја дадоа и капитенската лента во репрезентацијата. Герет како и секогаш се бореше максимално. Кога „Граѓаните“ решија да го обноват составот, Бери замина на позајмица во Евертон.
Неговота борба во новиот клуб се опишува вака: Тој дојде во 2014-та а неодамна го продолжи договорот. Во текот на целата кариера, Бери беше во сенка на ѕвездите. Можеби Гигс и Џерард беа похаризматични од него на и надвор од теренот, но Бери никогаш не се степал во ноќен клуб, не навредувал странски туристи и не спиел со туѓи жени.
Герет Бери е неверојатен професионалец благодарение на што сиве овие години играше мирно и стабилно. Со неговиот однос заслужи место во историјата. Патот кон Гинисот сега му е отворен. Рајан Гигс одигра 623 меча, а Бери има 610 што значи дека веќе следната сезона би можел да стане рекордер по бројот на настапи во Премиер лигата.