Рецептот за долговечност го има човекот за кој малку кој би покажал со прст а тој е секогаш на позиција, спремен да се бори додека го држи сила. Тивок, внимателен, концентриран и голем професионалец. 21 сезона!
На 35 години Герет Бери го одигра 610-от меч во Премиер лигата и го надмина Френк Лампард по бројот на настапи во англиското првенство. Следен предизвик му е Рајан Гигс со 632 настапи на вечната листа.