Јокиќ е луд, погоди тројка од паркинг со звукот на сирената за победа

Актуелниот шампион на НБА му приреди сензационален пресврт на Голден Стејт Вориорс на гости, кој го загуби мечот после водство во последната четвртина од дури 18 поени разлика.

На 6 минути и 43 секунди до крајот, Вориорс имаа водство од 123:105, но Нагетси не се откажаа и направија комплетен пресврт со серија од 25:4.

Кулминацијата се случи на 3,6 секунди до крај, кога при резултат 127:127, гостите имаа напад за победа.

Јокиќ, кој обично доминира под кошевите, овој пат одлепи во стилот на Кари и од речиси половина терен даде лудачка тројка за делириум во таборот на Денвер.

Србинот го заврши натпреварот со 34 поени, 10 асистенции и 9 скокови, а најголема помош доби од Гордон со 30 поени и Џамал Мареј со 25 поени.

Кај домаќините, најефикасен беше Стеф Кари со 30 поени, а Клеј Томпсон постигна 24 поени.

За Денвер ова беше шеста победа на гости во низа и 11-та на последните 13 меча. 

5 јануари 2024 - 08:48