Милионерите сезонава имаат резултати под очекувања и се на 4. позиција на табелата со 9 бода заостанување зад Баерн Минхен и Лајпциг, но дека се работи за голема екипа покажува следниов податок.
Борусија Дортмунд го одигра последниот натпревар за годинава по кој успеа да израмни рекорд стар 51 година, а тоа е завршување на годината без пораз на домашен терен.
Одиграа вкупно 25 меча пред своите навивачи на сите натпреварувања и остварија скор од 17 победи 8 нерешени. „Сигнал Идуна Парк“ годинава не успеаа да ја освојат ниту екипи како Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Во текот на годината во Лига на шампионите на домашен терен ги совлада Порто 2:0, Тотенхем 3:0 и Спортинг 1:0, а одиграа реми со Ливерпул 1:1 и Реал Мадрид 2:2.
На 19 ноември во Бундеслигата го добија дербито со Баерн Минхен со резултат 1:0, а по три дена остварија рекордна победа во ЛШ од 8:4 против Легија.
Последен пат Борусија Дортмунд успеала да остане непоразена во една календарска година, во 1965-та кога победиле на 15 средби и одиграле три ремија.
На 19 декември клубот прослави 107 години од своето формирање.