Садио Мане и неговиот Сенегал апсолутно заслужено стигнаа до пехарот на Купот на Африкански нации. Играа одлично, отворено, напаѓачки на гол повеќе и на крајот им се насмевна и среќата: на пенали во финале го урнаа најтрофејниот Египет. Но една приказна поврзана со јунакот на Сенегал се шири по светот.
Во ситуација кога на повеќекратниот европски шампион му оди добро на терен и уште подобро во раководството, од Ајакс стигна вест како гром од ведро небо: успешниот спортски директор Марк Овермарс кој е најзаслужен за сите големи трансфер успеси на клубот добил шут карта.
Март 1997 година. На патот до уште една шампионска титула, Булс веќе трет пат во сезоната ја победија Филаделфија Севентисиксерс. Но во печатот и на улиците во САД никој не зборувал за новиот гостински триумф на Чикаго Булс, туку насекаде се зборувало за малиот Ален Ајверсон, првиот пик на НБА драфтот претходната година.
Откако синот на најдобриот голман на Евро 2020 Андреас Паличка, Астон ја насмеа јавноста кога на аеродромот каде слетаа европските шампиони пред новинарите кажа дека татко му е втор најдобар голман после Ландин, Данецот направи убав гест и уште денес му пратил негов дрес со автограм.
Во новиот документарец на Нетфликс Soy Georgina, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, еден од најголемите на сите времиња, и неговата партнерка раскажуваат за нивното секојдневие.
Клипот почнува со ножички ала Пеле, а потоа ја дроби цела одбрана нешто како оној епски гол на Златан во Ајакс, а и така личи со конституцијата спрема другите, како џин. И додека да се свестите од првиве две лудории, малиот Душан ќе ве фрли во транс со уште ред други топ потези, дриблинзи и бомбастични удари. Да потсетиме, 10 години има тука. Какво талентиште.
Откако за време на дербито Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс едно дете тргна да се поздрави со ѕвездата на Гризлис Џа Морант, кошаркарот го одби затоа што носел дрес од ривалот во нивна сала. После мечот понуди лично да му даде дрес од Мемфис.
Да разбиеме малку од лакрдијата околу Ѓоковиќ. Гледавте ли за празниците италијанско? Кога кај нас е Бадник, во Италија секогаш се паѓа да се игра првото коло во годината. А таму едно дете фати трамвај до стадион, па потоа од стадион право дома. Ама не како гледач, туку како голман.
Неколку играчи изминатово лето се вдомија по италијанските екипи, но веќе во јануари ќе треба да пакуваат куфери. Дојдоа како засилувања, не играа доволно, по што клубовите решија или да ги позајмат или да ги продаваат во следниов зимски трансфер преоден рок.
Кога ќе се врати на неговиот најомилен стадион, Фернандо Торес ќе се сретне со некои од поранешните соиграчи, противници и колеги од репрезентацијата на Шпанија.
Дека не играат фудбал само Меси и Роналдо, есенва во Европа покажаа и 20 играчи родени по 1993. година. Досега беа актери на големи натпревари и радарот на скаутите е свртен кон нив.
Аргентинецот сезонава даде 5 голови за Палермо, по што селекторот на Италија, Антонио Конте изјави дека го планира за следниот собир на Аѕурите во март следната година.
Во книгата посветена за неговиот син, таткото на Роже Федерер открива детали од младоста на немирниот тенисер кој пцуел и колнел за време на тренинзите.
Зоран Левески е првиот Македонец кој заиграл и го освоил третото место во Азиската футсал Лига на шампиони, а истовремено бил првак и на турнирот во Миравци. Му фалат уште само три настапи, за да стигне до јубилејна 100-ка за футсал селекцијата на Македонија, а води и приватен бизнис.
Екипата од северен Лондон сезонава три пати загуби на својот стадион, по што тренерот Покетино мисли дека не е до играта на фудбалерите или до тренерот, туку до теренот.
Иако нема логична причина за тоа татковците да не останат успешни играчи, тоа не е случај со најголемите тенисери низ историјата. Откако доби син, Ѓоковиќ сега бара совети од Федерер како да се справува со ситуацијата.
15-годишниот фудбалер на Стромсгодсет вчера влезе во игра против Бугарија, со што стана убедливо најмладиот фудбалер што играл квалификациски натпревар за Европско првенство. Меѓу петте најмлади дебитанти има двајца од Лихтенштајн и по еден фудбалер од Грузија и Исланд.
Многу поранешни играчи се одлучија да ги носат своите синови на фудбал, ама некои од нив останаа малку подолго на терените, како децата на Паоло Малдини, Зинедин Зидан, Ривалдо, Ѓеорге Хаџи и Диего Симеоне.
На 11 години Лионел прв пат стапнува во Каталонија, а од целиот свет Барселона е избрана само затоа што таму Меси има роднини. Значително поситен од сите останати, талентот на Меси го препознава само спортскиот директор на Барса, Карлос Рексач. Веднаш потпишува договор со малиот Меси, во ресторан на парче салфетка.
Новиот англиски репрезентативец му ја исполни желбата на детето кое боледува од Алопеција и му покажа како изгледаат припремите за еден премиерлигашки меч во живо.
Германскиот клуб е првопласиран во дебитантската сезона во Бундеслигата, Еибар игра одлична сезона на малиот стадион, а Лестер ги запре Евертон, Арсенал и Јунајтед.
Мечот меѓу Спортинг Белграно и Хуракан во аргентинската втора лига заврши 1-1, а единствено нешто по што вреди да се запамети е потегот на малиот Пити Гонзало Мартинез.
Кога таткото на Јасер Кашим со 700 долари решил да го пресели семејството во Лондон, никој не помислувал дека син му ќе стане познат професионален фудбалер.