Како Кристијано Роналдо ја запознал неговата сопатничка

Во новиот документарец на Нетфликс Soy Georgina, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, еден од најголемите на сите времиња, и неговата партнерка раскажуваат за нивното секојдневие.

По сјајните документарци за Џордан, Шумахер и Нејмар, Нетфликс се реши да фати и еден друг агол, па сега најнова документарка од светот на шоу бизнисот е за Георгина (или Хеорхина/Џорџина) Родригез - животната сопатничка на Кристијано Роналдо. Раскажува како се запознале и за случки од секојдневниот живот.

ПРВА СРЕДБА ВО БУТИК ГУЧИ КАДЕ РАБОТЕЛА

Иако Кристијано Роналдо малку зборува за својот приватен живот и секогаш го криел од јавноста, сега се дознава малку повеќе за неговиот однос со Џорџина Родригез.

Пример како и каде се запознале:

„Тоа беше летно време, еден четврток. Јас работев во бутик Gucci, и во 17:00 се спремав да си одам дома. Колегата ме замоли да останам уште половина час, за да му помогнам на уште еден клиент.

На вратата од бутикот се сретнав со еден дечко - скоро два метри висок и многу убав. Беше во друштво на син му и другарите. Малиот културно ме поздрави и се насмеавме. Почуствував морници во стомакот и си помислив: „Што не е во ред со мене? Не можам ни да го погледнам. Бев многу срамежлива“.

Кристијано Роналдо исто го памети тој момент: „Нешто како да ми светна, не ми излегуваше од глава. Таа случка ми остана во сеќавање, искрено“.

Следниот пат Хорхина (Џорџина) и Роналдо повторно се сретнале, и тоа пак на настан поврзан со Gucci. Кристијано Роналдо и пратил порака дека ќе биде на еден моден настан, а и таа имала обврски таму поврзана со работата.

„Цел ден мислев како да се облечам, каква фризура да направам. Кога дојдов, он ме пречека и беше преубав. Многу добро памтам како бевме облечени тогаш.

Испивме по чаша шампањско и јас морав да одам на некој службен ручек. Не сакав да се одвоиме, но тоа беше подобро така зошто само ни ја зголеми желбата да бидеме заедно“.

Потоа се појавиле проблеми: Роналдо имал густ распоред на тренинзи и натпревари буквално секој ден, а Хорхина имала сериозни семејни проблеми: татко и доживеал мозочен удар во Аргентина каде го депортирале од Шпанија во 2013-та година поради шверц на наркотици.

Следна средба им била на уште еден настан. Фудбалерот бил со брат му и пријателите и ја покинал Хорхина на ручек.

„По пат кон ресторанот имав многу трема. Еднаш се допревме со раце и ми се чинеше дека ги познавам тие раце долго време. Имаше и втор случаен допир и тогаш веќе се ослободивме и двајцата. Вечеравме и си отидов дома. Срцето ми чукаше силно!“

НАЈВАЖНА МУ БИЛА ЗДРАВАТА ИСХРАНА И НАЧИНОТ НА ЖИВОТ

После неколку дена со обврски, двајцата отишле на ручек после еден натпревар на Реал Мадрид каде Кристијано жнееше трофеи и растураше со голови.

„Јас седев дома, ама многу сакав да го видам Кристијано. Ама не сакав да му пишам прва. Он ми пиша после мечот. Му одговорив дека седам дома и дека се спремам да си легнам. Ме викна да вечераме и прифатив, иако веќе јадев. Излегов од дома со едно ранче, тој дојде по мене и отидовме кај него. Јадеше пире, зеленчук и пилешко“, раскажува Џорџина.

ДОШОЛ СО БУГАТИ ДА ЈА ЗЕМЕ, КОЛЕГИТЕ СЕ ЗБУНИЛЕ

На почетокот на нивната врска, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња доѓал со кола да ја земе саканата од работа и тоа доведувало до необични ситуации.

„Еднаш дојде да ме земе од работи со Бугати! Колегите беа во шок: јас дојдов со автобус на смена, а си одам со Бугати“.

Кристијано за тој настан вели: „Во тој период возев Бугати, немав друга кола. Но тоа беше почеток на многу пријатен однос. Со време сфатив дека она е девојка на мојот живот“.

Во документарецот на Нетфликс насловен „Soy Georgina“ (Јас сум Хеорхина), таа вели дека со Роналдо разговараат отворено за се: за домот, за бизнис, за семејни работи, за тренинзи, за патувања, бизнис проекти. Таа вели дека со него може да зборува за сè освен за фудбал.

„Мене никогаш не ме интересирал фудбал, јас сакав балет. Секако, се трудам да бидам во тек со професијата и настапите на Кристијано, но не сум некој голем навивач. Дома не ни зборуваме за фудбал, јас просто не се разбирам во тоа“, вели таа.

Џорџина и Роналдо се веќе 6 години заедно. Со него таа ја добила ќерката Алана Мартина во 2017, а во октомври лани објавија дека чекаат близнаци.

Џорџина вели дека сите деца, со тие од претходната врска на Кристијано живеат складно. „Имам четири деца, сите ме викаат мамо. Не ме интересира што на интернет пишуваат за моето семејство“, вели таа.

Парот со децата се на одмор во Дубаи каде фудбалерот во четвртокот за роденденот на неговата сакана договорил нејзиниот лик да се појави на највисоката зграда на светот - Бурџ Калифа и за тоа платил 60.000 долари.

28 јануари 2022 - 11:58