Кога малиот Ајверсон го измрда Џордан од патики и го натера да се подзамисли

Март 1997 година. На патот до уште една шампионска титула, Булс веќе трет пат во сезоната ја победија Филаделфија Севентисиксерс. Но во печатот и на улиците во САД никој не зборувал за новиот гостински триумф на Чикаго Булс, туку насекаде се зборувало за малиот Ален Ајверсон, првиот пик на НБА драфтот претходната година.

Ајверсон не само што постигна неверојатни 37 поени (5/8 за три) против најдобриот тим во лигата, туку што направи и нешто многу нереално - во целост го надигра еден на еден во одбрана посветениот Мајкл Џордан.

И тоа го правеше со помош на елемент кој засекогаш ќе биде поврзан со него - дриблингот кросовер.

„Дали ќе се обидам да му одговорам на Ален Ајверсон откако ме победи? Не. Тоа беше одличен потег. Не сум од оние кои се плашат да промашат пред сите, само се обидувам да го ограничам бројот на промашени шутеви... Он е многу брз и краток, да играм против него е голем предизвик за мене“, одговорил најдобриот кошаркар на светот на некое од многу прашања после мечот.

Индивидуалната одбрана еден-на-еден против Ален Ајверсон стана предизвик не само за Летечкиот Џордан туку и за сите кошаркари во НБА. Можеме да претпоставиме дека денес најдобар дриблинг во цела лига има Кајри Ирвинг, но за разлика од сега, тогаш на преминот во новиот Милениум, на цела лига ѝ беше тешко да го сопре 183-сантиметри високиот кошаркар по прекар „Одговорот“ (The Answer).

Ајверсон го наслонуваше телото во една страна и така делуваше дека ќе продолжи во таа насока. Одбранбениот играч кој го чуваше не можеше во тој момент да претпостави дека ѕвездата на Филаделфија наеднаш ќе смени правец и ќе тргне во отворен простор со префрлање на другата рака на баскетот. На тој начин ги фаќаше во расчекор и тука за тоа нема одбрана:

Овој кросовер со кој Ален Ајверсон „извитка“ стотина зглобови (потег во маалски баскет во САД познат и како „енклбрејкер“) се гледал ретко во НБА.

Ајверсон, кој беше дури 11-кратен учесник на Ол-Стар натпреварите го усовршил кросовер дриблингот на колеџот Џорџтаун. До таа мера го усовршил што совршено брзо го изведувал како молња пред ривалот.

Со Коби:

Ален стигнал во тимот на универзитетот Џорџтаун во 1994 година. Таму се запознал со Дин Бери кој бил плејмејкер на екипата и кој имал просек од очајни 2,3 поени по натпревар во NCAA лигата.

Но и покрај тоа, Ајверсон го барал Дин Бери после секој тренинг и учел од него. Се чини дека од него го пресликал кросоверот кој Дин исто го владеел до совршенство.

Во 2002 година Крис Палмер од ESPN изјавил дека кросоверот во неговото современо толкување првпат се појавил на уличните игралишта во Вашингтон, главниот град на САД во чиј округ се наоѓал Универзитетот Џорџтаун.

За идеен творец на Кросоверот се смета уличниот баскет мајстор Грег Џонџ кој на крајот од ’80-те години растурал по северо-западните градски игралишта.

За време на студентската сезона Ајверсон го вежбал овој дриблинг со Дин Бери кој не само што бил добро запознаен со уличниот баскет во Вашингтон туку и пробувал да го усоврши потегот ту-степ на Тим Хардавеј од Вориорс кој го гледал на видео касети во тоа време.

За време на паузата на студентската лига, Ајверсон излегол да игра на уличните терени во Вашингтон и таму демонстрирал класа и врвен кросовер дриблинг.

Ален станал прав мајстор со овој потег и благодарение на него уште во првата сезона во НБА ги дриблаше како мали деца дури и најголемите играчи во лигата. 

„Многу добро се сеќавам на тој момент, зошто Мајкл Џордан беше мој херон, сите знаеа за тоа. Ми беше омилен играч, мој идол, буквално секогаш сакав да бидам Мајкл. Секогаш им зборував на семејството, на другарите, на колегите на факултет и во средно школо дури и на момците од Сиксерс дека дефинитивно ќе пробам да го победам најголемиот играч во историјата ако некогаш се сретнам со него“.

Така што се сеќавам кога станав од клупата и слушнав како Фил Џексон го изговара моето име и бара од Џордан да ме чува мене. Се сеќавам дека помислив во себе: „Дали размислувам на нешто или сум сам нервозен? Ама не, само го погледнав. Пробав со лесно движење и он „ја купи“ фората. После сфатив дека го поминав“.

Некои тврдат дека прав мастер-мајнд и промотер на кросоверот е Тим Харавеј кој во 1989 доминираше со својот ту-степ.

„Кросовер? Сите зборуваат за Ален Ајверсон, но ќе ви кажам нешто на сите: Ален Ајверсон лизгаше. Јас имав оригинален, убиствен кросовер а сега луѓето го повторуваат моето движење. Не потегот на Ален Ајверсон, туку уште пробуваат да го научат мојот дриблинг кој навистина ми припаѓа мене. Така стојат работите. Внесов единствен стил во играта“, напиша еднаш двократниот учесник на Ол-Стар натпревари Тим Хардавеј. 

 

Но влегувањето на Ален Ајверсон во Куќата на Славните во Спрингфилд се чини дека му даде одговор на овој талентиран кошаркар кој никогаш не беше избран за влез во Куќата на Славните.

„Со својот кросовер влегов директно во Куќата на славните. Така оди тоа“, рекол кратко Ајверсон.

2 февруари 2022 - 14:06