Мане во болница запознал повредено дете во животна опасност за кое веднаш платил операција

Садио Мане и неговиот Сенегал апсолутно заслужено стигнаа до пехарот на Купот на Африкански нации. Играа одлично, отворено, напаѓачки на гол повеќе и на крајот им се насмевна и среќата: на пенали во финале го урнаа најтрофејниот Египет. Но една приказна поврзана со јунакот на Сенегал се шири по светот.

Мане имаше мошне тежок турнир. Како најголема ѕвезда во Африка заедно со соиграчот од Ливерпул Мо Салах беа најмногу фаулирани на секој дуел.

Во натпревар од 1/8 финале со Зеленортски Острови, во еден дуел за топка Садио жестоко се судри со голманот на ривалот. Двајцата тргнаа со глава да стигнат до една висока топка, Мане стаса прв но после доби страшен удар во чело и слепоочница.

Ѕвездата на Ливерпул неколку минути седеше во нокаут, а докторите веднаш притрчаа до него со голем пешкир со мраз, со цел да му спречат оток.

Мане на кратко излезе од теренот, а после кога се врати постигна преубав гол за водство на Сенегал и полесен пат до четвртфинале. После тоа го извадија од игра и веднаш го однеле во болница на снимање.

Таму на Садио внимание му привлекло едно камерунско семејство. Тие во болница довезле младо дете кое имало тежок удар и пад со мотор па имало многу скршеници. Детето едвај преживувало и родителите немале доволно да платат лекување.

„Мислам дека ви кажав за прекрасниот гест што Садио Мане го направи во Бафусам за една фамилија. Нивното дете беше во многу тешка состојба откако го удрил мотор, па имал скршени коски и повреди по цело тело. Бил близу смртта а родителите не можеле да си дозволат да платат операција и третман. Садио кој беше во болница поради повредата по дуел со голманот на Зеленортски Острови ја нашол ожалостената фамилија и прашал што се случува. Му ја објасниле ситуацијата и тој им дал 400.000 CFA (африкански франци) што им ја олеснило маката на фамилијата. Мислам дека тој благослов беше награден од Бога денес (финалето и победа на пенали)“, рекол еден гостин на камерунската телевизија Equinoxetv по финалето Египет - Сенегал.

Тогаш на дело настапил Мане: дал 400.000 африкански франци (околу 600 евра) за итна и брза операција и навремено лекување на малиот.

МАНЕ РЕНОВИРАЛ ЏАМИЈА И ШКОЛО ВО РОДНОТО СЕЛО

Помошта до камерунското семејство не е прво хуманитарно дело на Садио. Во 2016-та година тој во целост реновирал една џамија каде работел татко му.

„Уште од мал ме мотивираше желбата да му се заблагодарам некако на својот регион, да му дадам нешто заедничко. Сега дискутирам некои работи со колегите од Сенегал. Да, уште сум млад но скоро ќе почнам да правам нешто во татковината“, рекол Сенегалецот.

А во 2018-та година изградил ново школо во родното село Бамбали:

„Тој проект ми е многу при срце. Знаете дека во Африка властите често забораваат на селата. Кога живеев во Бамбали (неговото родно село), имав само една желба - да одам во Дакар за да станам професионален фудбалер. Сега сакам децата кои растат во Бамбали, да останат таму“, гордо рекол Мане за модерното школо кое им го изградил во селото.

После две години во Бамбали се појавила и болница исто со пари донирани од Мане. Татко му починал зошто морал долго да чека медицинска помош во селото.

ЗНАЕ ДА ПОМАГА И ВО АНГЛИЈА И НА ДРУГИ МЕСТА

Еднаш на Интернет се појав слика на која се гледа како Садио Мане, кој важи за голем верник, миел тоалет во локална џамија во Англија и ги замолил да не кажуваат за тоа негово добро дело.

Во Суперкуп на УЕФА постигна два прекрасни гола за нов пехар за Ливерпул а после од клупата за резерви викна едно дете од Киргистан кое собирало топки и му подари дрес. Детето од среќа го гушна и доби подарок кој засекогаш ќе го памети.

9 февруари 2022 - 13:39