Преку 2.730 денови поминаа откако Ливерпул соопшти дека го купил капитенот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес. Ел Нињо на Енфилд пристигна на 3. јули 2007. година. Во моментот кога го напушти клубот, Атлетико Мадрид беше седми на табелата, а Торес не гледаше никаква перспектива и можност да освои некој трофеј.
Рохобланкос (црвено-белите) во меѓувреме го кренаа клубот на повисоко ниво и од 2010. година освоија дури 7 трофеи, меѓу кои оној во Примера лани, како вицешампионска одлика по финалето во Лигата на шампионите.
За некои од младите играчи на Атлетико Мадрид, враќањето на Торес ќе биде шанса да заиграат со нивниот идол. Поранешниот капитен на „јорганџиите“ повторно ќе се обедини и се некои од поранешните соиграчи. Еден од нив е Диего Симеоне, како и неговиот помошник Герман Бургос, Аргентинецот кој го бранеше голот на Атлетико Мадрид во втората лига и при промоцијата на клубот во Примера.
Во меѓувреме, капитенската лента во моментов ја носи Габи, кој фудбалски порасна токму покрај Ел Нињо (Малиот).