Дај друг дрес, земи од Мемфис - погодете кој прв дошол на акцијата

Откако за време на дербито Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс едно дете тргна да се поздрави со ѕвездата на Гризлис Џа Морант, кошаркарот го одби затоа што носел дрес од ривалот во нивна сала. После мечот понуди лично да му даде дрес од Мемфис.

Започна клупска акција на Мемфис Гризлис, секое дете кое ќе донесе дрес од друг клуб да го врачи, а за возврат ќе добие дрес од Мемфис и карта за еден од следните домашни натпревари. Локал патриотизам:

Како Џа Морант не сакаше да му направи „да пукне“ на малиот кој прв дошол во ФедЕкс Форум Арена да си добие нов дрес од Мемфис. 

14 јануари 2022 - 10:07