Џа Морант им свика на мали деца зошто носеле дрес од Вориорс, па се извини

Мемфис Гризлис продолжува да игра сјајно и синоќа со 116:108 го совлада вториот тим на Западот Голден Стејт Вориорс кој има учинок 30 победи и 10 порази. Главен јунак на триумфот одново беше кандидатот за МВП, Џа Морант кој постигна 29 поени со 5 скока и 8 асистенции. Во финишот под фаул даде кош за потврда на победата ама зад конструкцијата на кошот се замери со едни мали деца кои му правеа „да пукне“.

После мечот на прес конференција проба да се извади за глупавата реакција со мали деца:

„Да, беше непочит (од нивна страна) со тој дрес. Немам милост за тие деца, ние сме Мемфис. Сакаше да се поздравиме, ама прво да го соблече дресот. Ве молам некој нека ми најде информации за детето  за јас лично да му пратам прав дрес“.

12 јануари 2022 - 13:11