Британските Девствени Острови никогаш немаат снег, но имаат скијачка федерација која ја формираше еден ентузијаст само за да може да учествува на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Откако на четирите натпревари од Лигата на шампиони триумфираа гостинските екипи, денес во нокаут фазата од Лига Европа од 16 одиграни натпревари домаќините се радуваа само на два!
Најатрактивната кошаркарска ноќ во годината по пауза од три години и припадна на Источната конференција која по негатива од 18 поени успеа да направи пресврт и на крајот да триумфира со 163:155. МВР признанието отиде во рацете на Кајри Ирвинг.
Актуелниот македонски шампион очекувано стигна до лесна победа во претпоследното коло од Лигата на шампионите и уште еднаш го потврди квалитетот во оваа сезона кој им носи пласман во топ 16 фазата. Конечниот резултат против швајцарскиот противник беше 32:25.
Актуелните шампионки на Македонија одиграа тежок и неизвесен меч во третото коло од Лигата на шампионите против Митјиланд, но во неизвесното второ полувреме беа поконкретни и со победа од 24:23 се со една нога во фајнл форот.
Еден навивач на Евертон од Малезија кој 30 години навива за клубот, го помина пола свет и пристигна во Англија за прв пат во својот живот да ги гледа своите миленици, но натпреварот со Кристал Палас му го одложија заради невреме.
Дарко Дамјановски е првиот Македонец што настапи на Зимските Олимписки игри во Сочи. Претпладнево тој на квалификациите во дисциплината спринт заврши на 78-та позиција од 86 натпреварувачи.
Актуелниот шампион на Македонија го потврди својот квалитет на меѓународната сцена и со победа над Динамо Минск, дебитантска за новиот стратег Раул Гонзалес во ЛШ, предвреме обезбеди пласман во топ 16 фазата.
Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје ја совладаа екипата на Лирија во финалето од Купот на Македонија и ја освоија третата титула во серија.
Составот на Лино Червар одигра фантастичен натпревар на тешкото гостување од ЛШ во Париз. Металурзите притиснаа и не се предадоа во вториот дел во кој успеаа да направат и пресврт, но на крајот забележаа достоен пораз од 32:29.
На Интер не му оди баш најдобро во Серија А. Последната победа ја оствари на 22 декември во градското дерби, а во моментов се наоѓа на шестата позиција со 11 бода заостанување до третото место кое води во ЛШ. Новиот газда доби инструкции од навивачите како понатаму.
Бундес лигата важи за првенство каде за разлика од Англија и Шпанија со многу помалку пари може да се стигне до влезница за фудбалски натпревар. Но актуелниот шампион најавува дека ќе ги казни навивачите кои покажуваат помала редовност на стадион.
Во земјата каде што се вртат најголемите пари во фудбалот и каде клубовите го делат најголемиот колач од тв правата, постојано се рушат рекорди. Во јануари освен скапиот трансфер на Хуан Мата немаше нешто спектакуларно, но се случи нов рекорд.
Поранешниот член на Арсенал, Емануел Фримпонг ептен зажали што направи трансфер во Барнсли, а неговото деби за новиот клуб заврши со црвен картон по половина час игра.
Тимот на Индира Кастратовиќ одлично го стартуваше патот кон фајн форот во ракометната Лига на шампионите. Првиот противник од Германија, тимот на Турингер падна во „Борис Трајковски" и си замина поразен со резултат 31:25.
Легендарниот комесар на најсилната кошаркарска лига во светот по три децении работа ја напушта највисоката раководна функција. Ќе остане запаметен како еден од најзаслужните луѓе за реформите во НБА лигата во 80-те години.
Фудбалерите на Милвол и Шефилд синоќа ремизираа во Чемпионшип лигата, а малку и се срчкаа, но ние не го објавиваме ова видео поради нив. Ќе си видите сами.
Иако до крајот на сезоната во англиското првенство има уште 15 кола, составот на Пелегрини веќе стана поефикасен од целата ланска сезона и со тоа покажа дека е машина за постигнување на голови со одлична бројка од 115 на сите натпреварувања.
Првиот Македонец во НБА лигата продолжува да пишува нови поглавја во историјата на нашата кошарка. Перо Антиќ е избран во идеалниот тим на ѕвездите во подем кои ќе настапат на Ол стар викендот.
Обично не пишуваме за вакви луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, но 23 годишната Аша некако фино ќе си легне во друштво на нашите офсајд ликови кои се издвојуваат по својата уникатност.
Ривалството помеѓу навивачките групи на екипи од ист град секогаш дека е огромно и ризично кога на програмата се игра градско дерби, но овој пат тоа донесе обединување, односно заеднички бојкот за еден од следните мечеви во Серија А.