
Настапот на Дамјановски во дисциплината спринт на 1.800 метри во крос кантри беше неизвесен, но тој сепак се одлучи да учествува и на оваа трка за да ја почуствува атмосферата на патеката во Сочи.
Тој стартуваше последен и со време 4:08.56 минути го зазеде 78-то место од 85 натпреварувачи кои ја завршија трката. Зад него останаа натпреварувачите од Луксембург, Бразил, Украина, БиХ, Швајцарија, Чиле и Австралија, а трката не ја заврши нордиецот од Кина.
Дамјановски заостануваше 40.21 секунди зад првопласираниот Ола Виген Хатестад од Норвешка, а 30-то пласираниот Чеботко, односно последниот кој се квалификуваше во четврт-финалето заврши со време 3:37.88.