На крос кантри трката на 15 километри класично, односно дисциплината која е негова специјалност, македонскиот претставник Дарко Дамјановски се пласираше на 81-та позиција.
Дарко Дамјановски е првиот Македонец што настапи на Зимските Олимписки игри во Сочи. Претпладнево тој на квалификациите во дисциплината спринт заврши на 78-та позиција од 86 натпреварувачи.
Нашите натпреварувачи на Олимписките игри секогаш се при дното, но никогаш не се последни само благодарение на ентузијастите како Дахири Шерпа од Непал.