На Олимпијади ја претставува Македонија, а дома му се обраќаат на албански

Македонскиот олимпиец Дарко Дамјановски доби признание за спортски работник од општина Гостивар, но од манифестацијата си замина разочаран.

Дамјановски го доби признанието од градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, но со оглед на тоа како му се заблагодари на Фејсбук, револтиран е што во сопствената земја на церемонијата не се зборувало на македонски јазик.

Градоначалникот му реплицираше на Дамјановски со образложение дека имало симултан превод.

Инаку нашиот 38 годишен олимпиец се натпреварува во Биатлон, спорт кој е комбинација од две дисциплини: скијачко трчање и стрелање со пушка.

Македонија ја претставуваше на Зимските олимписки игри во 2006-та, 2010-та и 2014-та, а најдобар финиш имаше во Сочи каде на трката на 15 км заврши на 81-ва позиција.

24 декември 2019 - 11:01