22-годишниот играч од средниот ред кој во минатото настапуваше за младинските репрезентации на Англија, но сега игра за националниот тим на Гана, ја започна својата кариера во академијата на Арсенал каде помина скоро 13 години.
За овој период Фримпонг настапи на само шест натпревари во Премиер лигата и Арсенал очајно се обидуваше да се ослободи од него, па го праќаше на позајмици во Вулверхемптон, Чарлтон и Фулам.
Конечно во зимскиот преоден рок Арсенал успеа засекогаш да се ослободи од Фримпонг. Тој потпиша за Барнсли во англискиот Чемпионшип.
Како што може да се забележи од сликата, Фримпонг беше „пресреќен" со неговиот трансфер.
Веднаш откако потпиша за Барнсли, Фримпонг на својот Твитер профил се пожали дека сега нема да може да привлекува многу девојки, но набргу го избриша твитот.
Само 24 часа откако потпиша за Барнсли, Емануел Фримпонг го одигра и првиот натпревар за новиот клуб, но неговото деби траеше само 30 минути. Фримпонг заработи два жолти картони во рок од седум минути и го напушти теренот по половина часа игра.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.