Според Еклстоун, доминацијата на Себастијан Фетел е главна причина за намелениот број на ТВ гледачи на Ф1 трките.
Бројт на гледачи се намалил за 50 милиони за време на четвртата шампионска сезона на Фетел во која тој победи на последните девет трки и ја освои титулата на три трки до крајот.
Според последниот извештај објавен од страна на компанијата која ги има ТВ правата, минатата сезона ТВ трките ги гледале 450 милиони гледачи. Тоа е пад за 10% во однос на половината милијарда гледачи во 2012-та година, а во 2011-та година трките ги следеле дури 515 милиони.
Ова е една од причините заради кои Еклстоун го предложи дуплирањето на поени на последната трка во 2014-та година, а тој би бил среќен ако новото правило се примени на последните три трки.
Најголем бил падот во Кина каде се возеше третата трка минатата сезона која на ТВ ја гледале само 19 милиони гледачи, што е за околу 30 милиони помалку од 2012-та година. Голем пад е забележан и во Франција каде бројот на гледачи од 27 милиони се намалил на 10 милиони за една сезона.