Шест Гранд при трки по ред, тимот на Ред Бул успева да го изведе најбрзиот пит топ. Пред неколку дена во Шпанија, „биковите“ сменија четири гуми на болидот на Макс Ферстапен за 1.90 секунди. Не го урнаа рекордот ама беа близу. Апсолутниот рекорд го постави токму Ред Бул лани во Бразил кога направија чудо за 1.82 секунди.
Една од препознатливите традиции на Формула 1 се и моделите кои ги разубавуваат трките. Управата на Ф1 крена бело знаме во борбата со феминистките и ја прекина децениската пракса девојки да стојат на патеката покрај болидите.
Една од оние дилеми од клупа од пред зграда. Кој е побрз: Мерцедес СЛ63 АМГ, В8 супервозило спремно како за НАСКАР или Ф1 болид, и да се тркаат 1 круг и болидот да му даде 40 секунди предност на Мерцедесот.
Во 1985. година конструкторскиот тим на Алфа Ромео се повлече официјално од патувачкиот циркус, а од Италија стигнува информација дека шефот на ФЦА Серџо Маркионе сака да ја врати Алфа во Формула 1 за да го засили брендот.
Новата сезона во Ф1 носи многу нови промени затоа што за прв пат во историјата, болиди во елитниот шампионат ќе возат дури тројца дебитанти, од кои еден малолетен. Најголеми шанси за титулата според букмејкерите им се даваат на Луис Хамилтон и Нико Розберг.
Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо ја прекина доминацијата на Мерцедес и стигна до првата победа во својата кариера, во седмата трка оваа сезона во Формула 1, која се возеше за Големата награда во Канада.
Себастијан Фетел постави нов рекорд со осум победи во серија, но со нов рекорд од патеката во САД можат да се пофалат и механичарите од Ред Бул и неговиот тимски колега Марк Вебер. Новиот рекорд за најбрза промена на гуми е 1.923 секунди.
Светскиот првак во Формула 1 шампионатот, Себастијан Фетел продолжи да доминира на патеките. Овој пат тој немаше конкуренција на трката за Големата на града на Абу Даби каде Ред Бул оствари еден-два победа.
Себастијан Фетел ја обезбеди титулата во Формула 1 на три трки до крајот на сезоната, но викендов ќе се вози во Абу Даби, а болидот на Ред Бул го подготвуваше пензионираниот возач Дејвид Кулхард кој ги прегреа гумите на врвот на еден од највисоките хотели во светот на височина од 320 метри.
За успехот на Ред Бул во Формула 1 не се заслужни само возачите и механичарите, туку и тим на инжинери одалечен на илјадници километри кој анализира стотици гигабајти на информации за време на трката.
Ред Бул го држи рекордот за најбрз пит-стоп во Формула 1 со траење од 2,05 секунди, а во следното успорено видео ќе можете да видите што сè прават нивните механичари за тие две секунди.
Себастијан Фетел ја игнорираше наредбата и го претекна својот тимски колега со што стигна до првиот триумф во новата сезона, а ова е реакцијата на Марк Вебер по претекнувањето на 10 круга до крајот на трката во Малезија.
Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше на трката во Малезија, а зад него се пласираше неговиот тимски колега Марк Вебер. На третото место финишираше Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес.
И покрај тоа што за последните три сезони на рангирањето за конструктори на првото место заврши Ред Бул, а вредноста на нивниот тим од 2010-та е порасната за 67%, сепак тие се само трет највреден тим во Формула 1. Далеку пред нив сè уште се Ферари и Мекларен.
Неколку дена откако му помогнаа на човек да скокне со падобран од многу високо, Ред Бул монтираше панорамска камера од 360 степени на нивниот Формула 1 болид. Еве како изгледа трката кога би му биле качени на ушка на болидот.