Со денешниот триумф, петти овосезонски, Розберг го забетонира лидерското место. До 19-та победа во кариерата, Розберг стигна на првото место од почеток до крај, за 1 час 32 минути и 52 секунди. Второто место му припадна на Себастијан Фетел од Ферари кој заостануваше 17 секунди, а трет на подиумот се качи возачот на Форс Индија, Серхио Перес.
Луис Хамилтон кој во Баку стартуваше како десетти, не успеа да стигне до победничкиот подиум затоа што трката ја финишираше на петтото место, зад четвртопласираниот Кими Раиконен.
Ф1 шампионатот продолжува на 3. јули со трката за Големата Награда на Австрија.
Големата награда на Европа:
1. Нико Розберг (Мерцедес) 1:32:52.366
2. Себастијан Фетел (Ферари) +16.696
3. Серхио Перес (Форс Индија) +25.241
4. Кими Раиконен (Ферари) +33.102
5. Луис Хамилтон (Мерцедес) +56.335
6. Валтери Ботас (Вилијамс) +60.886
7. Даниел Рикардо (Ред Бул) +69.229
8. Макс Ферштапен (Ред Бул) +70.696
9. Нико Хулкенберг (Форс Индија) +77.708
10. Фелипе Маса (Вилијамс) +85.375
Пласман на возачите:
1. Нико Розберг 142
2. Луис Хамилтон 117
3. Себастијан Фетел 96
4. Кими Раиконен 81
5. Даниел Рикардо 78
6. Макс Ферштапен 54
7. Валтери Ботас 52
8. Серхио Перес 39
Пласман на конструктори:
1. Мерцедес 258
2. Ферари 177
3. Ред Бул 140
4. Вилијамс 90
5. Форс Индија 59
6. Торо Росо 32
7. Мекларен 24
8. Хас 22
9. Рено 6