Пред неколку сезони луѓето од Алфа Ромео преговарале со Ферари за можноста да им ги земат на позајмица нивните мотори на кои би бил амблемот на Алфа во соработка со Ред Бул, но преговорите пропаднаа во моментот кога Ред Бул одлучи и натаму да ги користи моторите на Рено.
Маркионе кој најпрво најави самостоен проект на Алфа Ромео, подоцна изјави дека новиот тим најверојатно ќе соработува со Ферари што значи дека болидот во целост ќе биде на Алфа со мотор на Ферари.
„Луѓето не можеа да замислат соработка меѓу Ред Бул и Ферари. Ова го велам затоа шту луѓето ме критикуваа дека не сум им дал мотор. Сепак најважно е другите големи производители да влезат во спортот“, ниту самиот не знаеше што сака да каже Маркионе кој веројатно е конфузен поради одложувањето на датумот за излегување на новиот модел на Алфа и Масерати.
На Италијанците не им е здодевно, ако ништо друго. Во меѓувреме почнаа и тестирањата на болидите на Раиконен, Маса, Хамилтон и Ферстапен.