Австралиецот до деби триумфот стигна пред Нико Розберг и со тоа успеа да му ја прекине доминацијата на германскиот тим кој беше несовладлив во сите шест трки од почетокот на шампионатот.
Рикардо на пет круга до крајот најпрвин го мина Перез, а потоа го нападна и Розберг со што практично ги искористи неговите проблеми со болидот на кои се пожали на два круга до крајот на трката. На третата позиција заврши актуелниот шампион Себастијан Фетел од Ред Бул.
Трката ја одбележа и инцидентот на Фелипе Маса и Серхио Перез кои се судрија во последниот круг, излетаа од патеката и со тоа останаа без бодови. Крајот не го дочека ниту Луис Хамилтон кој се откажа поради прегревање на кочниците.
Осмата рунда од Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на патеката „Ред Бул Ринг“