Американците од Liberty Media пред точно една година ја купија Формула 1 за 8 милијарди долари кога соопштија дека сакаат да го вратат стариот сјај на трките и дека не ги занимава „американизација“ на Гран-прито.
Новите сопственици почнаа така што го сменија комплетното раководство (на место на неповторливиот Берни Еклстоун дојдоа поранешните шефови на Ферари, Мерцедес и Бенетон, Рос Браун, Шон Братчес од ESPN и Чејз Кери од 21 Century Fox кој е сега број 1 раководител во Ф1). Но некои од драстичните промени не наидоа баш на добар глас меѓу навивачите и гледачите а во 2017-та вредноста на акциите на Формула 1 падна на 525 милиони долари што внесе немир и меѓу инвеститорите.
Една од последните промени е прекинот на децениската традиција со Grid girls - девојките кои ги гледавме со бројки крај болидите кои ги разубавуваа преносите од возбудливите Ф1 трки.
„Минатата година изучивме многу работи од областа на нашиот изглед и ја сфативме потребата од обнова на повисок степен на Формула 1. Во минатото практиката со grid girls беше еден од основните производи на Ф1 но сметаме дека таа традиција не оди во чекор со тоа што сакаме да го видиме во Ф1 како бренд и противречи на современите социјални норми. Исто така не сметаме дека оваа промена ќе ги погоди современата Формула 1 и нејзините љубители, како стари така и нови“, ја објасни својата одлука комерцијалниот директор на Ф1, Шон Братчес.
Во неговото обраќање има еден конкретен момент кои укажува на причините на измените во Гран-при - „противречи на социјалните норми“. Очигледно станува збор за последици од радикалниот феминизам којшто ја зафати Америка во последните години.
Од него настрадаа, например, познати видеоблогери на ЈутЈуб - и тоа од активистки, борби за правата на жените кои испровоцираа револуција во тоа што значи содржина. На удар се најдоа безмалку сите канали по целиот свет: ЈутЈуб го напуштиле неколку крупни рекламни агенции и сето тоа на Google му донел губитоци во размер од 750 милиони долари а авторите ги оставило без заработка.
Така и сопствениците на Ф1, Американци воглавном, не сакале да ги стигне „долгата рака на феминизмот“ и решиле да дејствуваат навремено. Уште повеќе што „првото предупредување“ некои феминистички здруженија се жалеле на Liberty Media за нееднаквиот третман и неприфатлива положба во 2017. Компанијата поради тоа изгубила речиси пола милијарда долари од трките.
Од друга страна, парадоксално, моделите изгубиле работа поради борбата од својот пол. Ќе биде весело ако некоја од нив се реши да го нарече решението на шефовите на Ф1 дискиминирачко и да ги даде на суд.
Љубителите на Grid-girls се насекирале уште во 2015-та кога паднале првите муабети да се стави крај на „сексизмот во Ф1“. Тогаш Grid-girls не се најдоа на фамозната велосипедска трка „24 часа Ле Ман“, но здруженијата за заштита на правата на жените наидоа на отпор од големиот шармер Берни Еклстоун.
Наскоро на Гран-прито во Монако таа сезона промотерите спроведоа експеримент и ги заменија девојките со мажи - но се соочија со бурна реакција и критики од пилотите и публиката. Идејата со копирање на фудбалскиот формат, каде играчите на мечот излегуваат со дечиња исто не собрала некој ентузијазам па новите сопственици решиле дека не бараат алтернативи туку просто да се откажат од толку саканите Grid-girls кој мавтаат со знамиња пред почетокот на трките.
Јавноста се бунела колку може
Најглавните поради кои се гледа Ф1, пилотите за некое чудо биле погласни дури и од навивачите и не сакале да возат без Grid-girls.
„Брзи болиди, убави девојки - тоа е традиција која што го прави нашиот спорт привлечен. Секако, спортот е повеќе машки и има повеќе мажи но тоа не значи дека за девојките нема место. Сметам дека Grid-girls им се допаѓаат на сите и треба да останат“, изјави лани еден од најдобрите пилоти, Даниел Рикардо.
„Ќе биде многу разочарувачки ако тргнат таква убавина од стартните позиции на патеката. И што ќе стават место нив следната година? Петел? О Боже!“, изјави лани Нико Халкенберг, пилотот на Рено.
Можеби најискрен од сите беше Кристијан Хорнер, раководител од тимот на „Ред Бул“:
„Во Монако на стартните позиции имаше момчиња и тоа го критикуваа. Во Австрија пробаа варијанта со деца - пак на никој не му се допадна. Ние живееме во современо општество каде е тешко секому да угодиш. Жените и онака играат клучна улога во Ф1. Во нашиот тим многу важни места држат жените и одлично се справуваат со нив“.
Важно мислење даде и поранешната натпреварувачка во тимот на Вилијамс, Сузи Волф: „Ако ги прашате самите девојки на стартните позиции, ниту една од нив не би се откажала од таа работа. Grid girls се дел од Формула 1 и автоспортот во целост“, вели Волф.
А што мислат самите Grid-girls?
Точно е дека ниту една девојка која работела како модел на стартните позиции во Гран-при, не би се откажала од таа професија и никогаш не била принудена на нешто непријатно.
„Јас му бев grid-girl на Кими Раиконен во Силверстон во 2014-та година и тоа беше најдобар момент во мојот живот!“, рекла Шантел Георг од англискиот град Милтон Кејнс. „Екипата со која работиш се однесува со тебе како со личност со кралска крв. Grid-girls ја претставуваат својата земја и навивачите секогаш сакаат да не видат. Можеби е смело да се каже дека ние сме дел од атмосферата повеќе од публиката, камерите па и пилотите. Лично јас никогач не сум се почуствувала сексуализирана или вознемирена и не мислам дека ме експлоатирале. Мене се ми се допаѓаше и никогаш нема да ги заборавам тие денови“.
„Да ме гледаат мажите мене не ме вознемирува. И онака сум модел и тоа е нормална пракса на мојата професија. Просто не обраќам внимание на тоа“, рекла Алена Елизарова во интервју за еден автомагазин од Русија.