Една од препознатливите традиции на Формула 1 се и моделите кои ги разубавуваат трките. Управата на Ф1 крена бело знаме во борбата со феминистките и ја прекина децениската пракса девојки да стојат на патеката покрај болидите.
Човекот кој повеќе од 50 години е во автомобилизмот а во последните 40 беше алфа и омега во Формула 1 веќе ќе нема клучен збор во „патувачкиот циркус“. Тоа нема да му падне тешко затоа што скапо го наплати тоталитаризмот кој го воспостави во Ф1.
Пред неколку дена, авторитетниот новинар Џо Сејвард раскажа за необичните гласини околу тоа дека американската коперација Епл (Apple) е подготвена да го купи пакетот акции во главниот Ф1 шампионат. Колку има вистина во тоа?
Берни Еклстоун не само што е прв човек на Формула 1 и има огромно богатство, туку е еден од најмоќните луѓе во спортот, но кутриот старец не може да се снајде со една ротирачка врата.