Што ќе му се на Епл трки?
Покрај со развојот и производството на компјутери, гаџети и софтвери, во Купертино постојат и други области кои би можеле да имаат корист во Формула 1.
Во преден план е идејата за Епл ТВ - дигитален стриминг медија плеер, кој сеуште не ги исполнува очекувањата на корпорацијата. На рангот телевизии во САД, „Јаболкото" е дури четврто по популарност.
Купувањето на Формула 1 би му дало на Епл екслузивен пристап до огромната видеоархива на серијата и преноси во живо на Гранд При. Со оглед на тоа што Ф1 има публика од околу 500 милиони луѓе, тоа би можело да предизвика значаен прилив на корисници кои ќе купуваат ТВ права.
Друга можна причина е пазарот на автомобили. Минатата година стана познат проектот „Титан" - паметен автомобил од Епл. Развојот на овој автомобил е строго чувана тајна и малку информации има за неа. Познато е само дека поради „Титан", компанијата привлече голем број стручњаци од автомобилските компании (посебно од „Тесла Моторс"), а моделот би требало да биде претставен во 2020. година. Во случај да ја купи Ф1, Епл ќе може да ја смени сликата и да го поврзе брендот Apple со автомобилите.
Сопствениците на комерцијалните права на Ф1 - инвестициониот фонд CVC веќе долго планира да ги продаде акциите на светскиот шампионат. Договорот за купување на Ф1 серијата беше најдоходовен во историјата: Во 2005. година, CVC купи 63,4% од акциите за 2 милијарди долари, а подоцна стекна профит за 4,4 милијарди долари со што го врати својот удел.
Но ако Формула 1 носи огромен профит, зошто би се отарасиле од акциите?
CVC ја планирал инвестицијата во Ф1 за 5-7 години, но периодот премина 10 години владеење и продажбата по активна цена им е многу важна. Втората причина лежи во комерцијалните договори кои промотерот на Ф1 Берни Еклстоун ги заклучи со тимовите и како резултат на тоа CVC сега има преголемо влијание како носител на комерцијалните права.
CVC сака да излезе од игра затоа што реториката на ко-сопственикот на фондот Доналд Меккензи води кон тоа дека тој не е спремен да се одвои од акциите по „ниска" цена и целата продажба би можела да се пролонгира.
„Време да си одиме. Во Формула 1 сме веќе долго време", изјавил извор од фондот CVC за Гардијан во 2015. година.
Способен ли е Епл да ја купи Формула 1?
Цената на пакетот акции на CVC (35%) и изнесува 8,5 милијарди долари во моментов. Тука се наметнува уште едно прашање - дали постои основа за гласините за продажба? Американските корпорации купуваат релативно помали фирми и стартап со помал износ и речиси никогаш не вложуваат милијарди долари во така големи структури како што е Формула 1 или било што друго поврзано со спортот.
Притоа нивниот интерес за Ф1 изгледа чудно, затоа што Главната автомобилска трка на светот не е посебно популарна во САД, така што аналитичарите сметаат дека е мала веројатноста Епл да посегне по пакетот акции.
Од друга страна, логично и поевтно е да се поврзуваат со автомобилската индустрија затоа што иднината лежи во електричните автомобили. Во 2015. година во Ф1 шампионатот се врати францускиот производител на автомобили „Рено", а годинава Ф1 доби и голем спонзор во ликот на транснационалната компанија „Хајнекен".